31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Ако Венко Филипче има златна виза од друга држава, како може да тврди дека иднината му е тука?“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини во саботата дека Венко Филипче, поранешен министер за здравство и актуелен пратеник од СДСМ, поседува т.н. „златна виза“ за Обединетите Арапски Емирати, што според него отвора сомнежи за потенцијални деловни интереси во странство.

Филипче неодамна призна дека ја користел оваа виза за потреби поврзани со, како што рече, „преговори со болница“, но не даде детали за природата на разговорите, ниту за институцијата со која биле водени.

„Ако Венко Филипче има златна виза од друга држава, како може да тврди дека иднината му е тука?“, изјави Манасиевски на прес-конференција, додавајќи дека јавноста заслужува одговори на неколку прашања: како и кога е добиена визата, во кое својство биле водени преговорите – како министер, пратеник или партиски функционер – и која е болницата со која биле контактирани.

Според Манасиевски, Филипче со месеци молчел за ова прашање и го нарекол „пропаганда“ кога првпат се појавиле информации во јавноста. „Зошто се криеше визата, ако нема ништо спорно?“ – праша Манасиевски.

Златната виза за Дубаи обично се издава на инвеститори, бизнисмени или стратешки важни професионалци, овозможувајќи долгорочен престој и деловни активности во Емиратите.

 

 

 

Related posts

Гаши: Владата на Курти ќе биде соборена на есен

admin

Брисел ја откри својата карта: Еве каде стои Македонија во споредба со соседите

admin

Мицкоски спомена и „надворешни мешања“ по студентскиот протест

admin

Трамп најавува договор со Иран, но неизвесноста околу Хормуз и понатаму ја кочи нормализацијата

admin

Малку позната клаузула може да стане клучна за европската безбедност

admin

Кралот Чарлс Трети со честитка до Северна Македонија по повод Денот на независноста

admin