31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ: Мицкоски нема капацитет да води мултиетничка држава

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски за, како што велат, обиди за етничка поларизација и мешање во политичкото претставување на Албанците во Северна Македонија.

„Изразуваме загриженост за постојаните напори на Мицкоски да се наметне како тутор на албанската политичка сцена,“ се наведува во соопштението на партијата објавено во неделата.

ДУИ реагираше на јавната изјава на Мицкоски во која тој ја доведе во прашање можната коалиција меѓу нивниот политички ривал, Арбен Таравари, и ДУИ на локалните избори.

„Ова е опасен и неприфатлив обид за прекројување на политичката волја на албанските гласачи,“ велат од партијата, додавајќи дека „црвените линии“ во однос на албанското претставување не смеат да бидат преминати.

ДУИ истакна дека „ниту еден политичар – особено не Мицкоски, кој својата кариера ја градел врз исклучување и национализам – нема ниту морален, ниту политички легитимитет да го моделира албанскиот политички спектар.“

Партијата го оцени однесувањето на премиерот како „навреда за политичката зрелост на Албанците“ и како „директен удар врз неговата позиција како премиер“.

„Тој го изгуби кредибилитетот да биде долгорочно решение за мултиетничка држава,“ се наведува во реакцијата, каде што се додава дека „политичкиот софтвер на Мицкоски не е компатибилен со мултиетничкиот хардвер на државата.“

ДУИ нагласи дека политичкото претставување на Албанците може да произлегува исклучиво од волјата на самите албански граѓани – на автентичен, достоинствен и слободен начин.

 

 

 

 

Related posts

Нови глутници кучиња без маркици се појавија во Карпош, се бара истрага

admin

ВМРО-ДПМНЕ: И СДС и Димовски признаваат дека Мицкоски бил следен во изборни циклуси

admin

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ПРЕРАСНЕ ВО ВОЈНА МЕЃУ НАТО И РУСИЈА, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ

ninja

Србија во енергетска криза, Лукоил во С.Македонија прифаќа само кеш

admin

Независна кандидатура во Кочани: Економистот Зоран Тодоров влезе во трката за градоначалник

admin

Филипче и Мицкоски во клинч во Собранието

admin