10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити: Заминувањето на Таравари не е крајот – „играта“ дури сега почнува

Еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Изет Меџити, изјави во средата дека заминувањето на Арбен Таравари од Владата не го означува крајот на политичките поместувања и најави можни нови промени во редовите на опозицискиот „Европски фронт“.

„Ова е само почеток. Ако некој мислеше дека со повлекувањето на Таравари сè е завршено – ќе видиме дека допрва почнува. И ќе се игра на теренот на Европскиот фронт“, рече Меџити.

Тој додаде дека Владата останува стабилна и фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните.

„Ние се грижиме за граѓаните, тие за Ахмети. Секој ќе одговара за своите постапки. Наш приоритет се граѓаните и нашите гласачи“, изјави Меџити.

Во однос на ДУИ, тој рече дека партијата со години ги одржувала своите членови со „лажни ветувања“ за брзо враќање на власт. „Прво кажуваа дека се враќаат за еден месец, потоа за два, сега е новата лага – наскоро“, рече тој.

Изјавата на Меџити доаѓа во време на растечки тензии во коалицијата „Влен“, откако Арбен Таравари официјално се повлече од Владата. Последните денови беа обележани со меѓусебни обвинувања меѓу Таравари и останатите лидери на коалицијата: Билал Касами, Изет Меџити и Зеќирија Ибраими.

Related posts

Парно ќе има – ако нема гас, топланите ќе работат на дизел

ninja

Драма во САД: Членови на Конгресот спречени да влезат во Министерството за образование

admin

Брат на загинатата во Карпош ја обвини државата за системски пропусти, Обвинителството отвори истрага

admin

Атанасов: Образованието остана на маргините, штетите се долгорочни

admin

Проф. Трајан Гоцевски: Новиот светски поредок се создава пред наши очи

admin

Маќедонци: Србија распределува воени сили долж границата со Косово

admin