31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нема „сиктер кафе“ меѓу Мицкоски и Таравари, политички тензии по излегувањето на АА од Владата

По одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција, политичките тензии во Северна Македонија се интензивираат, со меѓусебни обвинувања меѓу Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.

Од Алијансата, предводена од Таравари, соопштија дека внимателно ги следат, како што ги нарекоа, „тврдењата“ од ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски. „Во отсуство на политички аргументи, очекувано е да се појавуваат клевети од најапсурден вид“, наведоа од партијата.

Во реакцијата, крилото на АА предводено од актуелниот министер за здравство додаде дека остануваат фокусирани на, како што велат, „Октомвриската победа“ и немаат намера да одговараат на навреди.

Фактот што ја напуштивме Владата по своја волја покажува дека не сме корумпирани. Тоа можеби е тешко сфатливо за некои партии на власт,“ стои во соопштението.

По одлуката на Таравари, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти премиерот Мицкоски да предложи нови кадри на местата што досега ѝ припаѓаа на Алијансата. Владата потврди дека не е планирана средба за разделба меѓу Мицкоски и Таравари, иако претходно беше најавена.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразија сомнеж дека АА станува „продолжена рака“ на ДУИ и ја обвинија за политичка соработка со СДСМ и Левица. „Различни имиња, ист газда“, се наведува во соопштението, во кое овие партии се нарекуваат „марионетски квартет“.

Според партијата, ДУИ со години инвестирала во создавање на „лажни конкуренти“, како СДС и АА, кои сега, како што тврдат, се користат за обид за нејзино враќање на власт.

Во меѓувреме, извори од Владата за „Слободен печат“ потврдија дека министерските позиции на АА ќе бидат пополнети со кадри од коалицијата Вреди. Доколку министрите од АА формално ги поднесат оставките до крајот на неделата, реконструкцијата на Владата би можела да се случи во првата половина на јуни. Во спротивно, Мицкоски ќе мора да иницира нивно разрешување преку Собранието.

Иако Таравари изрази уверување дека министрите и пратениците ќе ја следат одлуката на партијата, на последниот состанок на АА не присуствуваа вицепремиерот Арбен Фетаи и пратеникот Салим Сулејмани. Фетаи кратко изјави дека „засега нема да коментира“.

Според информации од Собранието, одложено е и формирањето на нова пратеничка група на Алијансата за Албанците, поради неизвесност околу поддршката меѓу пратениците.

Related posts

Тетово во фокусот на Спиропали: Младите градат иднина

admin

Македонија пред локални избори: Клучната битка во Чаир

admin

Пендаровски и Мицкоски во кавга за рејтинзите и изборите

admin

Неделава ЕУ ќе ги соопшти санкциите против Косово

admin

Сивата економија ја чини државaта 700 милиони евра годишно

admin

Стармер најавува амбициозен план за одбрана со инвестиции во подморници, оружје и домашна гарда

admin