23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Убедлива победа на Рама, освојува над 50% од пратениците

Социјалистичката партија на Албанскиот премиер освои повеќе од половина пратенички места, број што и овозможува формирање влада без да има потреба од коалициски партнер, јавува Инбокс7. Демократската партија на Сали Бериша освои најголем број на мандати во разединетата опозиција која брои 10 политички субјекти. 

Според резултатите, мандатите најчесто се распределуваат помеѓу двете главни политички сили – СП и ДП. Во округот Кукс, ДП коалицијата добива два мандати, додека СП добива еден. Во Лежа, четири мандати одат кај ДП, а три кај СП. Во Шкодер, мандатите се делат пет наспроти четири во корист на ДП.

На национално ниво, Социјалистичката партија се проектира како единствена победничка, со парламентарно мнозинство од 79 места. Според проценките на Albanian Post, СП добива 51,8% од гласовите, што резултира со најголем број пратеници.

Од друга страна, коалицијата ДП – Алијанса за Величествена Албанија обезбедува 38% од гласовите на национално ниво, што се претвора во 54 пратенички места.

Социјалдемократите на Том Доши, со 2,2% од гласовите, успеваат да ги задржат своите три мандати. Партијата Можност на Агрон Шехај освојува 3,6% на национално ниво, но добива само два мандата, поради дисперзијата на гласовите надвор од Тирана.

Движењето „Заедно“ на Арлинд Ќори добива еден мандат во Тирана, но Ќори лично не обезбедува влез во парламентот, иако ја надминува националната изборна бариера.

Широката кампања на социјалните мрежи се покажала ефективна за Лулзим Баша, кој добива 1,4% на национално ниво и обезбедува личен пратенички мандат.

Изненадување претставува коалицијата „Иницијатива Албанија се Гради“ на Адриатик Лапај и Ендрит Шабани, која според анкетата доживува значителен пад и со 1,8% од гласовите не обезбедува ниту еден мандат.

 

Related posts

Филипче објави документ за дата-центар: Кој обезбедил 100 MW струја и пристап до Вардар?

admin

Проширувањето кон ЕУ таргет на кампањите со дезинформации

admin

СТУДИЈА: Богатите се под поголем ризик од депресија отколку сиромашните – причината е неочекувана

admin

Невзат Бејта ќе биде кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Гостивар

admin

Од најблизок сојузник до безбедносен ризик? Што стои зад новите сомнежи во Вашингтон

admin

Се стега ли обрачот околу Вучиќ?

admin