19.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Незири: Исходот од локалните избори може да го отвори патот за предвремени парламентарни

Политичкиот аналитичар и новинар Џелал Незири изјави дека исходот од претстојните локални избори ќе биде клучен фактор за тоа дали земјата ќе оди на предвремени парламентарни избори. Според него, можно е ДУИ да се врати во Владата, но само преку избори.

„Не ја исклучувам можноста ДУИ да влезе на ‘Илинденска’ бр. 2, но интегративците не сакаат да го направат тоа без избори. Затоа сметам дека во таков случај ќе бидат неопходни предвремени избори – дали за шест месеци, дали за една година“, изјави Незири за Трилинг.

Тој вели дека доколку коалицијата ВЛЕН освои околу 100.000 гласови, отсуството на Арбен Таравари нема значително да се одрази врз легитимитетот на коалицијата да ги претставува Албанците. „Во таков случај, верувам дека и Мицкоски нема да има мотив за нови избори, бидејќи веќе има максимум од 58 пратеници. Не верувам дека евентуални нови избори би му донеле повеќе“, додаде тој.

„Политиката станала бизнис“

Незири посочи дека ротациите на албанските партии во Владата се повторувачка појава. „Од 2017 година досега видовме влегување и излегување на Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА… Политиката се сфаќа како бизнис, не како простор за идеи и решенија“, оцени тој.

Во врска со актуелната ситуација во Парламентот, Незири предупреди дека владејачкото мнозинство ќе се соочи со тешкотии ако не обезбеди квалификувано и Бадентерово мнозинство. „Може да имате 80 пратеници, но без поддршка од најмалку 18 пратеници од немакедонските заедници, законите може да бидат блокирани“, рече тој, додавајќи дека тоа би одело во прилог на албанската опозиција.

Рама и евроинтеграциите

Говорејќи за повторниот избор на Еди Рама за премиер на Албанија, Незири вели дека и покрај критиките за корупција и иселување, тој ужива поддршка во ЕУ благодарение на својот имиџ. „Како уметник, тој успева преку креативен ПР да се наметне како привлечна фигура за младите“, рече Незири.

Кај нас во Македонија, според него, главниот проблем е отсуството на политички консензус за евроинтеграциите. „Хрватска и Црна Гора имаа широк консензус за ЕУ-патот. Во Албанија има длабока поларизација, но партиите се усогласени за интеграцијата. Кај нас тоа недостасува“, рече Незири.

Тој додаде дека фокусот врз уставните измени ја закочи политичката динамика. „Кога ќе ја направите уставната промена централна тема во изборите, потоа е тешко да се повлечете. Затоа сега е тешко да се убеди ВМРО-ДПМНЕ да го смени својот став за Францускиот предлог и внесување на Бугарите во Уставот“, заклучи Незири.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

 

Related posts

Во последната минута од мандатот Биден донесе одлука која ги налути сите

admin

ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР Е НЕУМЕРЕН ГЕСТ

ninja

Агон Малиќи: Надворешниот компас на интеграциите на Западен Балкан е ослабен

admin

Половина од Македонците сметаат дека војната во Украина е судир меѓу Русија и НАТО

admin

Макрон најави заострување на ставот кон Израел ако продолжи да ја блокира хуманитарната помош за Газа

admin

РСЕ: Чаирската романтика растегната меѓу криминал и политика

admin