21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

СДСМ ќе го поддржи договорот со Британија, но бара транспарентност од Владата

Опозицискиот СДСМ соопшти дека ќе го поддржи Договорот за стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и најави дека пратениците на партијата ќе гласаат за негова ратификација во Собранието. Но, лидерот на партијата, Венко Филипче, побара од Владата да објави детали за двата договори – за стратешко партнерство и за соработка „влада со влада“.

Филипче предупреди дека во прашање се големи суми на пари и потенцијални финансиски обврски, за кои, како што рече, „немаме прецизни информации за висината на каматите што ќе ги враќаат идните генерации“.

Владата има обврска да ги објави сите информации. Апсолутно го поддржуваме договорот за стратешко партнерство, но начинот на финансирање на овие проекти ја етикетира оваа влада како антиевропска“, изјави Филипче на прес-конференција во Скопје.

Тој ја повика Владата да ги искористи механизмите на Европската унија, вклучително и неповратните грантови, наместо да бара заемски аранжмани со високи трошоци.

Договорот за соработка „влада со влада“ меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство се очекува да биде потпишан во Лондон до крајот на работната недела, додека терминот за потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство сѐ уште не е утврден.

Премиерите Христијан Мицкоски и Кир Стармер минатата недела во Тирана објавија дека постигнале согласност за стратешко партнерство. Мицкоски наредниот ден најави дека договорот ќе овозможи инвестициски циклус вреден околу 6 милијарди евра, со фокус на инфраструктурни и здравствени проекти, меѓу кои изградба на брза железница од Табановце до Гевгелија, нови болници, клиничка болница во Штип, студентски дом и реконструкција на здравствени установи во Кичево и Тетово.

Реагирајќи на критиките, премиерот Мицкоски обвини дека СДСМ води „нихилистичка политика“, критикувајќи сè што Владата прави.

Сѐ што прави оваа влада не чини, според нив. Тоа е незрело однесување, особено кога станува збор за договор од вакви размери со Обединетото Кралство“, изјави Мицкоски.

Филипче, исто така, побара одговор од Владата по извештаите во британски медиуми дали Северна Македонија би прифатила сместување мигранти во рамки на новото партнерство. Мицкоски претходно негираше дека договорот содржи таква обврска, истакнувајќи дека соработката се однесува на полициска координација и борба против организиран криминал.

Related posts

НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРСКО-СИРИСКИОТ ПОГРАНИЧЕН РЕГИОН

ninja

Социјалните медиуми и медиумската „неписменост“ можност за манипулација со гласот на граѓаните

admin

Нов студентски протест за правосудниот испит на албански јазик

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Фрчкоски во Извршниот одбор покажува дека СДСМ не нуди реформи

admin

Регистер со иматели на бугарско државјанство како нов попис

admin

Пробиена блокадата: Иран извезе речиси 5 милиони барели нафта пред историскиот договор со САД

admin