21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Расте незадоволството во АА, Фетаи и Алиу „на кафе“ во Амбасадата на САД

Заменик-премиерот за добро владеење Арбен Фетаи и поранешниот министер за администрација Азир Алиу ја повторија својата заложба за борбата против корупцијата и реформите во институциите, по средбата со в.д. амбасадорката на САД во Скопје, Никол Варнс.

Утрото го започнавме во најзначајната институција за Албанците во земјава – Амбасадата на САД,“ напиша Фетаи на Фејсбук. Тој рече дека со американската дипломатка разговарале за продолжување на партнерството во борбата против корупцијата, владеење на правото и евроинтеграциите.

Американската амбасада потврди дека се одржала „продуктивна дискусија за продолжување на партнерството во борбата против корупцијата и унапредување на доброто управување.“

Во меѓувреме, поранешниот министер Азир Алиу јавно ја поддржа владината агенда на коалицијата ВЛЕН, и покрај најавите од лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, за повлекување во опозиција.

Со голема почит кон претседателот на партијата и неговото право на политичка проценка, чувствувам обврска јавно да изјавам дека ќе продолжам да бидам дел од процесот што заеднички го започнавме во ВЛЕН и во оваа Влада,“ напиша Алиу на Фејсбук.

Тој ја пофали Владата за тоа што „првпат сериозно ги отвори институциите и започна системски да се справува со корупцијата и криминалот“, додавајќи дека повлекување без јасен план „му отстапува простор на ДУИ за рехабилитација.“

Верувам дека секој млад Албанец, секој интелектуалец, заслужува нова политичка опција – авангарда што избира победа на надежта, каде чесните и мудрите, а не авантуристите, го водат општеството,“ истакна Алиу.

Реакциите доаѓаат во време на зголемено незадоволство во редовите на Алијанса за Албанците. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани оцени дека револтот кон одлуката на Таравари да ја напушти владејачката коалиција ќе продолжи и во наредните денови.

Мислам дека одлучноста на структурите да не завршат во прегратките на Али Ахмети е поголема од калкулациите на Таравари,“ изјави Муртезани. Според нашите неофицијални информации, револтот е голем и трендот ќе продолжи.“

Еден ден претходно, пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка од сите партиски и собраниски функции, протестирајќи против политичката ориентација на партијата. Тој наведе дека коалицијата со ДУИ пред локалните избори била сериозно отстапување од принципите“ на Алијансата.

Муртезани не откри дали се очекуваат нови премини во коалицијата ВЛЕН, но изјави дека ситуацијата е „динамична“ и „треба да се почекаат следните денови.“

Related posts

Рама: Сите поглавја ги отворивме, од јануари нема да има плати под 500 евра

admin

Македонија доби трет мобилен оператор

admin

Не точете скапо гориво: следува пад на цените по најавата на Трамп за крај на војната со Иран

admin

ВУЧИЌ ПРЕД СРЕДБАТА СО КУРТИ – НЕ ПЛАНИРАМ НИШТО ДА ПОТПИШАМ

ninja

Петровска за набавката на хеликоптерите: Немаме што да криеме, ќе одговориме на секое прашање од Антикорупциска

admin

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за избори напролет

admin