11.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Фетаи против Таравари: Од 50 функционери на АА, само 3 поднеле оставки

Заменик-претседателот на Владата, Арбен Фетаи, изјави во понеделникот дека не гледа причина за саботажа на актуелната влада, притоа обвинувајќи го лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, дека следи агенда која има за цел враќање на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во власта.

Во емисијата Click Plus на ТВ21, Фетаи рече дека владејачката коалиција ВЛЕН и АА имаат широка народна и меѓународна поддршка и оти Владата останува стабилна.

„Обидот за повлекување на АА од Владата е дел од сценарио за враќање на ДУИ. Тоа е погрешен правец што го следи г. Таравари,“ изјави Фетаи, додавајќи дека и покрај личното пријателство со Таравари, имаат различни политички ставови.

Фетаи истакна дека мнозинството функционери од АШ сѐ уште се активни во Владата. „АА има околу 50 функционери поставени на државни позиции, и само тројца од нив поднеле оставка. Сите останати продолжуваат да си ја вршат работата,“ рече тој.

Тој ја отфрли можноста за одржување на паралелни парламентарни и локални избори, нагласувајќи дека локалните избори ќе се одржат редовно и дека, според него, ќе бидат добиени од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема двојни избори. Оваа дилема вечерва завршува,“ изјави Фетаи.

Според него, Таравари немал статутарна основа за да го објави напуштањето на Владата. „Тоа не беше седница на партиското раководство, туку измислен формат што не постои во партискиот статут. Такви одлуки може да ги донесе само Собранието на партијата. Јас одбив да легитимирам таков процес,“ додаде тој.

Минатата недела, претседателот на АШ, Арбен Таравари, објави дека партијата ќе ја напушти Владата – одлука што предизвика видливи поделби во партијата.

 

 

 

Related posts

КДП ДОЗНАВА: МЕТЛА ВО ДУИ, СМЕНА НА РАКОВОДСТВОТО ВО 11 ОГРАНОЦИ

ninja

Груби: Мицковски е против Албанците, нема проблем да ги изгласа уставните измени

admin

Голема промена за сите што летаат: ЕУ воведува бесплатен рачен багаж и нови права

admin

Полни пазари, празни фрижидери

admin

Како реагира Европа на исходот од изборите во Германија?

admin

Го нарекол Мерц „Пинокио“ и завршил под истрага – Берлин сега го преиспитува законот

admin