12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Кос: Албанија напредува брзо, до 2030 може да стане членка на ЕУ

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, во понеделникот изјави дека Албанија напредува со побрзо темпо од кога било досега во спроведувањето на реформите за членство во ЕУ и изрази уверување дека земјата може да стане полноправна членка до 2030 година, пренесува Инбокс7.

„Албанија го препозна новиот замав на процесот на проширување и презеде конкретни и брзи чекори. Само во последниве два месеца се отворија уште две поглавја од преговорите,“ рече Кос за време на извештајот во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Таа информираше дека досега се отворени 24 преговарачки поглавја со Албанија и го пофали напредокот на земјата кон европската интеграција.

„Имаме реална можност до 2029 година една или повеќе кандидатки да станат полноправни членки,“ изјави комесарката.

Кос потенцираше дека владеењето на правото останува клучен и некомпромисен услов за членство, додавајќи дека кандидатките мора да се интегрираат во заедничкиот безбедносен систем на ЕУ.

На 30 мај, зборувајќи на Конференцијата за Центарот за европски студии во Брисел, Кос се изрази оптимистички во однос на отворањето нови преговарачки поглавја со Албанија во текот на јуни.

„За време на мојот мандат како комесар за проширување ќе имаме нови членки од Западен Балкан. Со премиерот Еди Рама имаме јасен договор: процесот ќе се базира на заслуги. Време е да ја конкретизираме ‘брачната врска’ меѓу Албанија и Европа,“ рече Кос.

 

 

Related posts

Ајфон за три дена работа во Луксембург, за повеќе од еден месец на Западен Балкан

admin

Вагнер го запре бунтот, но покажа колку е слаб Путин

admin

Лидерска или парада на луксуз? BMW-то на Касами предизвика бура реакции

admin

Трета светска војна: реален ризик, но и психолошка закана

admin

Бугарски капитал доминантен на македонскиот пазар со брзи кредити

admin

Иџет Мемети призна вина и се спогоди со Обвинителството

admin