20.4 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонија ќе формира координативно тело за спроведување на инфраструктурен договор со Велика Британија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави во понеделникот дека Владата на Македонија ќе формира координативно тело за реализација на Договорот за партнерство со Велика Британија за развој на инфраструктурни проекти.

„Веќе во вторник ќе биде формирано координативно тело. Министерството за финансии ќе започне постапка за обезбедување финансии, при што ќе се избере најповолна опција,“ изјави Николоски во интервју за „Топ Тема“.

Како прв капитален проект во рамки на соработката е најавена изградбата на брза пруга од Табановце до Гевгелија.

„Очекуваме до вторник да бидеме подготвени со иницијалниот проект – брза пруга долж Коридорот 10. Министерството за финансии ќе испрати барања за финансирање до релевантни меѓународни институции преку транспарентен и конкурентен процес,“ рече Николоски.

Според него, Велика Британија е најверојатен финансиер, но одлуката ќе зависи од понудените услови. „Ако друга држава понуди подобри и поевтини услови, секако ќе ја избереме таа,“ додаде тој.

Изборот на изведувач ќе се спроведе преку Законот за јавни набавки, во постапка на конкурентен дијалог со компании кои исполнуваат стручни и технички критериуми. Николоски појасни дека нема да има класичен тендер, ниту директна спогодба.

„Проектот мора да се заврши навреме и квалитетно, не смееме да дозволиме сценарио како автопатот Охрид–Кичево,“ изјави Николоски.

За разлика од слични договори меѓу Велика Британија и Турција или Србија, кои се од комерцијален карактер, договорот со Македонија има политички карактер и, според Николоски, е прв ваков во регионот.

До 20% од градежните работи и до 30% од вградените компоненти ќе бидат од британски компании, додека работната сила ќе може да биде целосно од Македонија.

„Нема ограничувања во однос на работниците, сите може да бидат домашни, за разлика од договорот со Синохидро каде минимум 51% мораше да го изведува кинеската страна,“ рече Николоски.

Британскиот удел најверојатно ќе се состои од технолошки напредни системи за сигнализација, кои не се достапни во Македонија.

Во врска со финансирањето, Николоски изјави дека Владата ќе бара транспарентна каматна стапка без скриени трошоци.

„Ќе инсистираме на единствена каматна стапка. Без скриени банкарски провизии. Ако добиеме 10% камата, сакаме тоа да биде конечниот трошок, без дополнителни ставки,“ рече Николоски, додавајќи дека Владата очекува долгорочно финансирање со поволен грејс-период.

.

 

 

Related posts

Иран заплени танкер со нафта, провокација кон САД

admin

Спасовски: Пукањето во Ист Гејт е криминална пресметка

admin

Социјалните медиуми и медиумската „неписменост“ можност за манипулација со гласот на граѓаните

admin

Нова војна меѓу МВР и ОЈО ГОКК – Тошковски зборува за „стратегија на напад“

admin

Италија предупредува – ако ЕУ потфрли на Балканот, тогаш може Кина и Русија да дојдат

admin

Што мислат Американците за војната меѓу Израел-Газа

admin