27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Меџити: 400 нови пожарникари и 600 нови работни места предвидени со Оперативниот план 2025

Владата на Северна Македонија усвои Оперативен план за 2025 година кој предвидува вработување на 400 нови пожарникари и 600 невработени лица во јавни проекти, со цел зајакнување на заштитата од пожари и намалување на невработеноста, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

„Вработуваме за да ја заштитиме животната средина и здравјето на граѓаните,“ напиша Меџити на Фејсбук, додавајќи дека пожарникарите ќе бидат распоредени во општини со највисок ризик од пожари, со цел брза и ефикасна интервенција.

Покрај тоа, 600 невработени лица ќе бидат ангажирани во инфраструктурни и еколошки проекти на локално ниво, што, според Меџити, ќе придонесе не само за намалување на невработеноста, туку и за зголемување на отпорноста на заедниците кон еколошки предизвици.

„Чистата и безбедна животна средина е основа за здрав и достоинствен живот,“ рече Меџити, истакнувајќи дека планот е дел од пошироката посветеност на Владата за подобрување на квалитетот на живот и зајакнување на институционалниот капацитет.

 

Related posts

ЕК оценува како ќе се одрази таксата за транзит на руски гас

admin

Муцунски: Билатералните спорови ја кочат европската интеграција на Северна Македонија

admin

Османи тужен, но не се појави на рочиштето

admin

Од Белград студентските протести се шират во регионот

admin

Дали воведувањето санкции за НИС го означува крајот на балансирањето на Србија меѓу Истокот и Западот?

admin

ТАРАВАРИ СО ЕДНА НОГА ВО ВЛАДАТА

ninja