35.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Немири во Белград по студентски протест; полицијата употреби сила и солзавец

Мирниот студентски протест што во саботата вечер се одржа на плоштадот Славија во Белград прерасна во насилни инциденти откако демонстрантите се обидоа да се доближат до Пионирскиот парк и зградата на Собранието на Србија. Полицијата интервенираше неколкупати, употребувајќи солзавец и физичка сила, при што беа забележани приведувања.

Групи демонстранти со маски и качулки нападнаа припадници на Жандармеријата, а на теренот се слушаа и експлозивни удари. Некои граѓани протестираа со кренати раце, додека други фрлаа факели. Во еден момент дојде и до судир меѓу самите демонстранти, јави телевизијата N1. Најмалку две лица се приведени.

Ветераните кои беа присутни на протестот и претходно најавија дека ќе одржат ред и нема да дозволат насилства, се повлекоа откако организаторите го прогласија крајот на студентскиот протест, а студентите ги симнаа жолтите елеци.

Неколку граѓани се обиделе да поминат кон Пионирскиот парк, но биле сопрени од полицијата, што довело до нови тензии. Присутните извикуваа „спуштете ги штитовите“ кон полициските сили, а некои и „СНС шиптари, Косово сте го издале“.

Околу 22:45 часот, припадник на Жандармеријата преку мегафон ги повика присутните итно да се разотидат, предупредувајќи на понатамошна интервенција. Во близина се распоредени и специјални возила на Жандармеријата.

Низ центарот на Белград, граѓаните останаа присутни од зградата на Уставниот суд до Правниот факултет. Некои демонстранти се фатија за раце во првите редови, а една жена седна на коловозот пред полицискиот кордон. Според извештаите, нема знаци дека толпата планира да се разотиде.

Студентите на протестот претходно ја прогласија актуелната власт за нелегитимна, повикувајќи на итни и фер избори. Нивните барања вклучуваат реформа на изборниот систем, департизација на институциите, поголеми плати за просветните работници и заштита на универзитетската автономија.

 

 

 

Related posts

Штајнмајер бара граѓаните да не ѝ вртат грб на демократијата

admin

Доналд Трамп до американските граѓани: Ова ќе биде златно доба за Америка

admin

ЃУКАНОВИЌ ГО РАСПУШТИ ЦРНОГОРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

ninja

Израел врши воздушни напади на Западниот Брег и Сирија, убива командант на Хамас

admin

Се зголемуваат шпекулациите за предвремени избори по раздорите во владината коалиција

admin

Нови законски измени за распуштање на Судскиот совет, преседан за злоупотреба од секоја идна власт

admin