35.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

“Не може Висар Ганиу да уништи толку документи, колку што јас имам докази“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поднесе пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, и неколкумина службеници, за, како што се наведува, организирана злоупотреба на службена положба и фалсификување документи поврзани со нелегална легализација на бесправно изградени објекти.

Според доставената документација, предметот вклучува индиции за фалсификуван записник од теренски увид, урбанистичка согласност и заклучок за плаќање надоместок, сите датирани во октомври 2024 година, за објект лоциран на улицата „Џон Кенеди“ бр. 18. Сепак, геодетски елаборат доставен од Град Скопје покажува дека објектот веќе бил срушен во моментот на поднесување на барањето за легализација.

„Не може Висар Ганиу да уништи толку документи, колку што јас имам докази“, изјави Арсовска, која воедно е и портпарол за етика и антикорупција во Конгресот на Советот на Европа.

Обвиненијата се темелат на повеќе потенцијални кривични дела, меѓу кои „злосторничко здружување“ (член 394), „фалсификување службени исправи“ (член 361) и „злоупотреба на службена положба“ (член 353) од Кривичниот законик.

Арсовска тврди дека Советот на Град Скопје не донел никаква одлука за пренамена на земјиштето, што било задолжително според важечкиот урбанистички план, според кој тоа подрачје е предвидено за сообраќајна инфраструктура, а не за станбена изградба.

 

 

 

 

 

Related posts

За учебници нема време, за лекција до родителите – има!

admin

Мицкоски: Ако помине законот за амнестија, ќе го напуштиме Собранието

admin

Спречена блокада на сите полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром

admin

Отров и тешки метали предизвикаа помор на риби во Калиманско Езеро

admin

Арсовска: Ганиу е “принцезата на дивоградбите” во Чаир

admin

Бајден ја продолжи вонредната состојба на Западен Балкан, ќе бидат санкционирани сите кои го попречуваат мирот и демократијата

admin