33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари изрази разочараност од Курти поради мешање во внатрешни прашања

Поранешниот министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, изјави дека бил разочаран од, како што рече, мешањето на косовскиот премиер Албин Курти во внатрешни одлуки на Алијанса за Албанците.

Гостувајќи во емисијата „Политико“ на косовската телевизија Канал10 во вторникот, Таравари се осврна на минатите случувања во партијата и односите со премиерот Курти, алудирајќи на наводни пораки и посредни влијанија во внатрешната партиска структура.

„Очекував Курти да рефлектира, но тој свика луѓе од Алијансата, меѓу нив и г. Фетаи, за кого, кога го именував за министер, Курти беше најголем противник. Преку Изет Меџити и Билал Касами испраќаше пораки. Тоа беше целосно разочарување за мене,“ изјави Таравари.

Тој додаде дека, како претседател на партијата, тој лично стоел зад именувањето на кадрите и смета дека никој не треба да се меша во тие одлуки.

Изјавата доаѓа во време на тензии внатре во коалицијата ВЛЕН и шпекулации за можна реконфигурација на односите во албанскиот политички блок во Северна Македонија.

 

 

 

Related posts

Македонија прва во Западен Балкан -Истраги за злоупотреби на ЕУ фондовите

admin

Петте поенти од говорот на Урсула фон дер Лајен

admin

Пендаровски има канцеларија, но нема компјутер и телефон

admin

Царините на Трамп може да достигнат и до 99%: Како се пресметуваат?

admin

Социјалните медиуми и медиумската „неписменост“ можност за манипулација со гласот на граѓаните

admin

„Фини“ кандидати, валкани ботови

admin