19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Тајната на Крмзов: Дијаманти, кеш и врски со моќни политичари!

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов е уапсен по налог на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), соопшти во неделата Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Лицето Р.К. е лишено од слобода по насоки на јавен обвинител од ОЈО ГОКК“, се наведува во соопштението.

Истрагата, позната како „Крмзов“, е при крај и се однесува на сомнежи за злоупотреби во поврат на ДДВ во вредност од околу 15 милиони евра. Во ноември 2024, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека наскоро ќе бидат објавени детали за предметот.

Во септември минатата година, во координирана акција за даночно затајување, беа претресени деловни простории во Струмица, Скопје и Гостивар. Четири лица беа приведени, а Обвинителството отвори предмет за даночна измама и перење пари. За едно лице беа предложени мерки на претпазливост.

Крмзов, кој се поврзува со фирми од Струмица и се смета за близок до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, е под истрага за учество во шема со повеќе компании. При претресите биле пронајдени дијаманти и поголеми суми пари во готово, пренесуваат медиумите.

Судија во претходна постапка претходно одзеде патна исправа на Крмзов, додека другите приведени беа пуштени без дополнителни мерки. Според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, ова е прв случај во кој Обвинителството побарало одземање на пасош уште во предистрага.

 

 

 

 

Related posts

Олеснување за функционерите: Ќе можат са поднесат изјава за имотна состојба по електронски пат

admin

Филипче: Странските инвестиции паднаа за 61% во 2025 година

admin

Антикорупциска бара истрага за ДУП-от за бензинската на „Пуцко Петрол“

admin

ВЛЕН го претстави Централниот изборен штаб, ја зајакнува предизборната стратегија

admin

Судскиот и Советот на јавни обвинители го утнале законот

admin

Советниците на СДСМ бараат вонредна седница и итни мерки по трагедијата во Кисела Вода

admin