15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Владата на Мицкоски добива ново лице – кој е човекот што треба да го спаси здравството?

Собранието на Северна Македонија во неделата избра нов министер за здравство и заменик-министер за земјоделство, како дел од пошироките кадровски промени што ги иницира премиерот Христијан Мицкоски.

Азир Алиу, професор и поранешен министер за информатичко општество, доби поддршка од 65 пратеници за да го наследи Арбен Таравари на чело на Министерството за здравство. За заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е назначен Албрим Хоџа, исто така со 65 гласа „за“, додека десет беа против.

Овие кадровски решенија доаѓаат по напуштањето на Владата од страна на Таравари и неговата Алијанса за Албанците, кои преминаа во опозиција. Алијанса, сепак, останува делумно застапена во коалицијата „Вреди“ со назначувањето на Алиу и Хоџа.

„Ова не е само прашање на персонален избор. Ова е дел од поголемата слика – реформската насока во која се движи Владата и нашиот стремеж да го поставиме системот на нови, здрави темели“, изјави Мицкоски во Собранието.

Алиу, електроинженер и доктор по информатички науки, досега предаваше на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Мицкоски рече дека неговото знаење и енергија се клучни за модернизација на здравствениот систем: „Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние сè уште трчаме. Време е тоа да се промени.“

Албрим Хоџа, според премиерот, ќе внесе „силна енергија“ во земјоделскиот сектор и ќе придонесе кон поставување системска рамка и долгорочна визија.

 

Related posts

Додик осуден на една година затвор и шестгодишна политичка забрана

admin

Радев: Со Македонија немаме нерешени билатерални односи

admin

ВРАЌАЊЕ ВО РЕАЛНОСТА: ЧЕСТИТ 9 МАРТ!

ninja

САД ги обновија разговорите со Саудиска Арабија за пренос на нуклеарна технологија

admin

Украинските пилоти почнаа со обука на Ф-16 во САД

admin

Заливските држави предупредуваат на растечка закана од ирански милиции и прокси-групи

admin