23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Левица обвинува за корупција зад етничка реторика, бара одговорност за урбаниот хаос во Чаир

Левица во неделата го обвини градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, за прикривање на, како што наведе, сериозни индиции за корупција преку „опасна и незрела етничка реторика“.

Во реакција објавена на официјалната страница на партијата, Левица посочи на сомнежи за незаконски градби, фалсификување документи и злоупотреба на службена положба во Чаир, при што, според нив, Ганиу се обидува да го пренасочи вниманието од наводните злоупотреби преку етнички аргументи.

„Нема поголема навреда, ниту потешка форма на антиалбанство, од втурнување на граѓаните во небезбедни и нелегални услови за живеење, додека се богатиш на нивна сметка“, се вели во соопштението.

Партијата ја осуди и коалицијата „Вреди“, чиј член е Ганиу, обвинувајќи ја за, како што ја нарече, „криминална спрега со градежните картели“. Левица додаде дека жителите на Чаир заслужуваат транспарентно управување и безбедна урбана средина, наместо, како што рекоа, „хаос и ризици продуцирани од лични и партиски интереси“.

Во објавата, Левица го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, дали важат „посебни закони“ за коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, алудирајќи на неодамнешниот случај со отпадот депониран од страна на Општина Чаир, за кој, како што наведуваат, не биле преземени санкции, туку полицијата дури и помогнала.

„Левица не е продукт на партиски пазар или корумпирана елита, туку организиран отпор против системската неправда“, се наведува во соопштението, каде партијата се претставува како „вистинска алтернатива на политичката трулеж во државата“.

Со оваа реакција, Левица повторно се позиционира како еден од најгласните критичари на, како што вели, деценискиот модел на криминално владеење – без разлика дали доаѓа од редовите на власта или опозицијата.

Related posts

ЗАЈАКНАТИ КОНТРОЛИ И КАЗНИ ЗА ЗАГАДУВАЧИТЕ

ninja

ФРП ја презентираше првата национална алатка за мерење на политички интегритет во Македонија

admin

Арачиново меѓу приоритетите и публицитетите

admin

Николоски: Нов радар на охридскиот аеродром за поголема безбедност и модернизација

admin

С.Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опрема

admin

Уставните измени се само една од можните сопки кон влезот во ЕУ

admin