18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Ја затекнавме државата во тешка состојба, предизвикана од поранешната власт

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека актуелната Влада затекнала „дупки и системски слабости“ кои, според него, се последица на работењето на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и неговите соработници.

„Поправаме што другите оставиле – разурната, осиромашена и административно запуштена држава“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, објавено по коментарите на Филипче за економските и здравствени политики на новата влада.

Партијата реагираше дека Филипче, како дел од поранешната власт, не нудел конкретни решенија, туку, како што велат, „празна реторика од странство“.

„Тој беше симбол за нефункционалност, а сега зборува за ефикасност“, се наведува во реакцијата, во која дополнително се обвинува за нетранспарентни тендерски постапки и слабости во здравствениот систем.

Мицкоски истакна дека Владата ја презела државата во „економска и институционална криза“, со „високо ниво на задолженост, инфлаторни шокови и ослабена доверба кај граѓаните“. Тој додаде дека Владата ќе продолжи со работа, фокусирана на реални резултати, а не, како што рече, на „фотосесии и медиумски настапи“.

Филипче, кој беше министер за здравство од 2017 до 2022, засега нема официјална реакција на обвинувањата.

Related posts

Што остана неисполнето од Преспанскиот договор

admin

Макрон вети поддршка за патот на Албанија кон ЕУ за време на посетата на Тирана

admin

Србија врати 200 граѓани од Дубаи по прекин на летовите на Блискиот Исток

admin

Стоилковиќ: ЕУ нѐ држи во ќорсокак – планот на Вучиќ е единствениот излез

admin

Во Куманово ќе се потврдува поддршката за Таравари

admin

Владата може да именува повереници ако пропаднат изборите во општините

admin