14.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Арсовска: Институциите молчат за криминалот во Чаир, загрижена за шовинизам и дискриминација

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на Фејсбук изрази загриженост поради, како што рече, молкот на институциите во врска со пријавени неправилности и сомнежи за криминал во општина Чаир, додавајќи дека постои меѓусебна заштита меѓу одговорните и закани со „дестабилизација“.

„Не само што не се постапува по пријавените случаи поткрепени со докази, туку продолжува заштитата и заканите“, напиша Арсовска. Таа упати апел до државните институции, меѓународните организации и дипломатскиот кор во земјата, како и до граѓанските организации што се занимаваат со борба против корупција, дискриминација и насилство врз жените.

Арсовска тврдеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во отсуство на одговор на обвинувањата за негови блиски соработници од Чаир, се обидел да ја девалвира со, како што наведе, мизогини и шовинистички квалификации.

„Да го потсетам Мицкоски – немирот кој го видел во мене е истиот оној додека секојдневно седеше со мене и ковал планови за криминал во Град Скопје“, напиша таа.

Според неа, „политичката дезориентација“ која Мицкоски ѝ ја припишал, се должи на неговото наводно претставување, „еден ден како чесен професор, друг ден како мафијаш“.

Арсовска праша дали ќе се најде институција или меѓународен фактор што ќе се спротивстави на, како што рече, шовинизмот и заканите кон жените во јавниот живот.

 

Related posts

Владата и невладините во клинч – соработка на „стаклени нозе“

admin

Рекорден суфицит, но нова стратегија: Кина ветува пресврт во трговијата

admin

Берлински процес: Нов план за работни места и социјални политики во регионот

admin

НЕПРИФАТЛИВО ИНСТАЛИРАЊЕ НА ТУЃ ПРОБЛЕМ НА МАКЕДОНСКО ТЛО

ninja

Училишта без деца: Македонија затвора 26 рурални училишта, исчезнуваат 300 паралелки

admin

ОПЕК+ ќе го зголеми производството кога ќе се отвори Ормус, но влијанието засега е ограничено

admin