19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

И напред ѕид, и назад ѕид

Пишува: Џелал Незири

Албанците во Северна Македонија за првпат се во една многу деликатна политичка ситуација: имаат анемични претставници во централната власт кои сакаат да ги симнат, но имаат и слабо реформирана опозиција која не сакаат да ја вратат назад. Или, како што вели народната поговорка – „И напред ѕид, и назад ѕид“.

Во последните изборни циклуси, бројот на оние што не гласаат значително расте. Одѕивот на изборите е некаде над 30 отсто, колку што е бројот на оние што се водат од мотото на навивачите „со партијата – во успеси и порази“. Обично одѕивот достигнува до 40 отсто, бидејќи се смета дека околу 10 отсто се „њушкачи“ гласачи – кои во текот на денот го играат политичкиот облог и се подредуваат на страната на победникот. Само потсетете се на случајот со двојните избори минатата година: во првиот круг на претседателските избори, кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари, освои над 83 илјади гласови, а две недели подоцна – на парламентарните избори – ВЛЕН освои над 107 илјади гласови. И што се случи во меѓувреме што ја направи разликата од 25 илјади гласа? Една фотографија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Таравари, доволна за политичките обложувалници да го направат прецизното подредување – со власта.

Овие денови бев на средба со амбасадор на една земја од ЕУ, каде што разговаравме за интеграцијата на РСМ во Унијата. „Вршат ли некаков притисок албанските партии за да се реши проблемот со Софија и да се деблокира процесот на интеграција?“, беше беше прашан амбасадорот. Бидејќи средбата беше приватна, тој отворено кажа: албанските партии не се многу загрижени за овие теми, имаат други, попрактични прашања како приоритет.

Вистината е, така е. Не може да се избројат влезовите и излезите на партиите во власт од 2017 година наваму. Веќе ни новинарите не можат да ги следат политичките трансфери од една во друга партија. Сведоци сме на целосна дегенерација на политиката, како активност што е потребна за да се артикулираат општите интереси.

Имам кажано многупати дека на нашите партии не им требаат само кадровски реформи (да ги замениме функционерите), туку многу повеќе идеолошки реформи. Недостигот на вакви реформи ги прави да изгледаат како трговци со гласови и прекупувачи на волја, користејќи методи кои ни на Николо Макијавели не би му дошле на ум да ги спомне во „Принцот“, или на Томас Хобс во „Левијатан“.

 

 

Related posts

Првите извршни наредби на Трамп укажуваат на неговите цели

admin

Американците се бесни

admin

„Терористи“, „херои“, „Срби“

admin

Америка ја губи Југоисточна Азија: Зошто сојузниците на САД во регионот се свртуваат кон Кина?

admin

Американскиот мировен план изгледа подготвен да стави крај на војната во Украина

admin

УСТАВНИ ИЗМЕНИ И АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

admin