14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Седум активни пожари низ Македонија, странска помош пристигнува во Берово

Македонија се соочува со серија пожари на отворен простор, при што во изминатите 24 часа се евидентирани 27 пожари, од кои седум се активни, три се под контрола, а 17 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарите беснеат во различни региони, а најкритичните се на планината Голем Готен и Малешевските Планини, како и кај Прилеп, Кавадарци, Берово и Македонски Брод.

Противпожарната акција на планината Готен добива меѓународна поддршка. Чешки хеликоптер „Блек Хок“ со седумчлен екипаж и 61 словенечки пожарникар со 18 специјални возила се очекува да пристигнат и да се упатат кон Берово, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Според него, Австрија и Франција понудиле дополнителна помош со 80, односно 50 пожарникари, но во моментов не постои потреба од нивен ангажман.

„Активиран е ЕУ-механизмот за цивилна заштита, а меѓународните тимови веќе се во координација со нашите служби“, изјави Ангелов.

Во пожарот кај Подареш, Јаргулица, Покрајчево и Злеово, огнената линија се проширила неколку километри. Интервенцијата од земја и воздух, вклучувајќи хеликоптери, специјални возила и локални доброволци, успеала да го стави пожарот под контрола. Сепак, „шумски стражи“ остануваат на терен додека не се изгасне во целост.

Четири возила „БТР 80“ се распоредени на стратешки позиции за евентуално спречување ширење на огнот кон селата. Дополнително, ангажирани се возила „хермелин“, „пинцгауер“ и опрема на територијалните противпожарни единици.

Апел за донации

Црвениот крст од Берово упати апел до граѓаните за донации со вода, конзервирана храна и електролити за екипите кои се борат со огнот. „Во овие тешки моменти, секоја поддршка е добредојдена“, се вели во соопштението.

Ангелов посочи дека за дел од пожарите постојат индиции за намерно подметнување. „Има економски и патолошки мотиви. Некои сакаат да исечат изгорена шума, други се пиромани. Но, некои пожари се подметнати во области каде тоа е тешко да се објасни логично“, рече тој.

Најпогодени подрачја

Меѓу активните жаришта се:

  • планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума и грмушки)

  • село Бешиште кај Прилеп, со проширување кон Градешница и грчката граница (мешана шума)

  • општина Прилеп: меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен

  • општина Кавадарци: меѓу селата Галиште и Трстеник

  • Македонски Брод: меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (дабова шума и ниска вегетација)

  • Македонска Каменица: село Ќосевица (борова шума)

  • Чашка: село Ореше (букова шума и ниска вегетација)

  • Кичево: село Горно Црско (ниска шума)

Властите апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават сомнителни активности.

Ask ChatGPT

Related posts

Кина ја засилува офанзивата додека САД се повлекуваат

admin

Унгарија: Полицијата трага по седум деца исчезнати во Мако, осомничена е 39-годишна жена

admin

Фетаи и Ќоку од ВЛЕН на средба со „Самоопределување“ во Приштина

admin

ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА РАЗРЕШИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЕВА КАИЛИ

ninja

Муцунски оди во Софија: В четврток средба со Петрова-Чамова

admin

ШТО ЗНАЧИ 8-МИ МАРТ – ДУПКА ВО ЗНАЕЊЕТО НА МЛАДИТЕ

ninja