31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ФЗО под судски удар: Слаби контроли, германски тужби и сајбер хаос го разоткриваат системскиот колапс

И покрај децениски препораки, новата ревизија повторно откри сериозни пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), институција против која германска болница има поднесено 12 тужби вредни над 430.000 евра, додека домашните судски спорови надминуваат 317 милиони денари.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија, процесот на упатување пациенти на лекување во странство е обременет со слабости – од нефункционален надзор до неадекватна правна заштита за осигурениците. Фондот во овој сегмент исплатил речиси 5 милиони евра, без механизми за следење на резултатите од третманот.

Додека побарувањата за аванси за лекување во странство достигнале 4,8 милиони евра, ревизорите предупредуваат дека институцијата нема воспоставено систем за навремено потврдување и затворање на фактурите, што води до континуиран финансиски ризик.

Во внатрешни судски постапки, ФЗО е тужена страна во 27 случаи, од кои 73% се од приватни здравствени установи, а остатокот од осигуреници и добавувачи на ортопедски помагала. Во текот на 2023 година, речиси 8 милиони денари се исплатени врз основа на правосилни пресуди.

Во Германија, пак, девет тужби веќе се одобрени од судот, а за четири од нив Фондот има поднесено жалба. Вкупната вредност на овие тужби изнесува 25 милиони денари, што дополнително го зголемува меѓународниот правен притисок врз институцијата.

Паралелно, Фондот е тужител во девет домашни постапки вредни 67 милиони денари, главно против фирми што испорачале несоодветни ортопедски помагала. Ревизорите укажуваат на висока неизвесност околу исходот и потенцијалните финансиски последици.

ИТ системот на Фондот, исто така, се покажа како сериозна слабост. Отсуство на стратегија, недостиг на кадар и застарена опрема доведоа до сериозен сајбер напад во февруари 2023 година, кој го наруши функционирањето на целиот здравствен систем во државата.

Според ревизорите, препораките за подобрување на безбедноста биле игнорирани, а не постојат ни политики за заштита на податоците или континуирано функционирање по катастрофи.

Извештајот открива дека системите за препишување и издавање лекови не се интегрирани, што овозможува грешки и дупли фактури. Меѓу 2021 и 2023 година, откриени се 65.609 спорни рецепти во вредност од 6 милиони денари, вклучувајќи и повеќекратно фактурирање и невалидни броеви на рецепти.

Фондот ја задолжи мрежата на подрачни служби за нови контроли и донесе одлука за намалување на неосновано исплатени средства кон аптеките.

 

Related posts

Донесен деловник за уставните измени, формулацијата „20 проценти“ не се чепка

admin

Зголемени платите на здравствените работници

admin

Зголемени повици за формирање зона за забранети летови, и доставување борбени авиони за Киев

admin

Јавното претпријатие за патишта пред колапс: 12 години со блокирана сметка

admin

Мајка сведочи на судењето за „Пулс“: Полицаец одби да помогне додека се обидував да спасам деца

admin

Амбасадорката Агелер: Овој момент е клучен за Уставниот суд и за довербата во правдата

admin