Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, неофицијално ги утврди кандидатите за градоначалници во четири општини за претстојните локални избори во октомври, јави Информативна агенција (ИНА) во вторникот.
Според неофицијалните информации, партијата ќе настапи со следните кандидати:
- Валбон Лимани – за општина Гостивар
- Блерант Рамадани – за општина Сарај
- Назим Таипи – за општина Теарце
- Исен Шабани – за општина Врапчиште
Кандидатурите ќе бидат официјализирани по враќањето на Таравари од САД.
Овие имиња се дел од поширока координација во рамки на новиот опозициски блок, кој го вклучува и крилото на AA предводено од Зијадин Села, како и други опозициски субјекти.

