10.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВЛЕН: Османи одржал 11 средби во Белград, ниедна во Приштина

Коалицијата ВЛЕН го обвини поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи дека за време на неговиот четиригодишен мандат се сретнал 11 пати со српски претставници во Белград, но ниеднаш не ја посетил Приштина.

Реакцијата следи еден ден по официјалната објава на кандидатурата на Османи за градоначалник на општина Чаир во Скопје.

„Во Скопје го пречека и рускиот министер Сергеј Лавров, а редовно беше дел од ‘кореографијата’ на прошетки и вечери со Александар Вучиќ. На Албанците им понуди само селфи дипломатија, блокирани европски интеграции и самопромоција“, соопштија од ВЛЕН.

Од коалицијата велат дека Османи бил поприсутен во кругови на српската дипломатија отколку меѓу граѓаните на Чаир.

„Не помогна никому, не беше присутен при изградба на училишта, булевари или детски градинки во Чаир. Не се јавуваше на телефон и не даде поддршка на локалните иницијативи“, велат од ВЛЕН.

Според соопштението, Османи се водел исклучиво од лични интереси и амбиции за останување на политичката сцена.

„Фактот дека за време на еден мандат се сретнал повеќе пати со Белград отколку со Приштина, зборува јасно за тоа дека Бујар Османи заборавил од каде доаѓа и кои се неговите луѓе“, наведуваат од ВЛЕН.

 

 

Related posts

Нова анкета: Се зголемува оптимизмот за ЕУ во С.Македонија

admin

ЕУ обезбедува речиси 60% од енергијата преку увоз: Најголем снабдувач се САД

admin

Екстремни горештини, бури и чад од пожари се закана за Светското првенство 2026

admin

Судење за пожарот во „Пулс“: Инспектор сведочи за сериозни пропусти во безбедноста на клубот

admin

Политичка војна за Европа: Филипче ја обвини власта за изолација, ВМРО го нарече предавник

admin

Ердоган со ултиматум до Рама: Расчистете со ФЕТО

admin