31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Политичка војна за Европа: Филипче ја обвини власта за изолација, ВМРО го нарече предавник

Лидерот на СДСМ, , на прес-конференција ја обвини власта предводена од дека свесно ги блокира евроинтеграциите и ја манипулира јавноста со, како што рече, анти-европска пропаганда.

Филипче ги отфрли медиумските тврдења дека министерот за надворешни работи „грмнал во Брисел“, оценувајќи дека станува збор за координирана пропаганда.

„Тимчо воопшто не грмнал таму, бил потивок од есенски дожд. Муцунски, исто како и Мицкоски дома, пред македонските граѓани зборуваат едно, но во Брисел зборуваат друго“, изјави Филипче.

Тој оцени дека власта ја обвинува Европската Унија за сопствениот неуспех во спроведувањето на реформите и предупреди дека вистинскиот проблем не се уставните измени или малцинствата, туку, како што рече, стравот од независно судство и одговорност.

„Реформите значат независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност. Некој мора да одговара за кражбата. А тие тоа не го сакаат“, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ додаде дека внесувањето на малцинствата во Уставот не е обврска само кон Бугарија, туку кон Европската Унија и европскиот процес.

Во обраќањето тој ја обвини власта и за ширење евроскептицизам преку, како што рече, „орбанова медиумска машинерија“ која делува „од Будимпешта преку Белград до Скопје“.

Филипче најави и нов закон за антикорупција, кој според него ќе биде дел од поширока политичка платформа поддржана и од нови политички субјекти.

По прес-конференцијата следуваше остра реакција од , од каде Филипче беше наречен „корумпиран заложник“ и човек „опкружен со сомнежи, афери и криминални сенки“.

Од владејачката партија порачаа дека неговото инсистирање за внесување на Бугарите во Уставот е резултат на, како што велат, „заложничка позиција“ поради криминални активности.

„Човекот денес излезе и практично кажа дека никогаш не чул Бугарија да го негира македонскиот идентитет“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се додава дека политиката на СДСМ со години се водела по принципот „сè прифаќај, само остани на власт“, а сегашните ставови на Филипче се оценуваат како продолжение на „антимакедонска политика“.

Од партијата го обвинија Филипче дека ги игнорира изјавите од Бугарија поврзани со македонскиот идентитет, јазик и историја и оценија дека тој „глуми адвокат на туѓи позиции“.

 

Related posts

Инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан е условен со реформи

admin

ВЛЕН: Министер на ДУИ ја потпишал дозволата за складиштето за отпад во Трубарево

admin

„Историски“ закон или козметичка реформа? Само 49 од над 1.300 институции под новите правила

admin

Собранието ја укина техничката влада – измените на Законот за Влада изгласани со 70 гласа „за“

admin

Историски договор меѓу САД и ЕУ: Кој добива а кој губи?

admin

Главоболки за Путин: Индија не купува повеќе руска нафта

admin