28.3 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Нова анкета: Се зголемува оптимизмот за ЕУ во С.Македонија

Крајот на 2023 носи зголемување на еврооптимизмот во Северна Македонија – покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено за потребите на Преспа институтот, пренесе Глас на Америка.

Според анкетата, извршена врз примерок од 762 испитаници на национално ниво, се подобрува ситуацијата со поддршката за Европската Унија во земјава.

70,6 отсто од испитаниците прашани дали сметааат дека членството во ЕУ е најдобра опција за државата или треба да се бара друга алтернатива, одговориле дека Унијата е најдобра опција.

Тоа е подобрување од речиси 10 проценти спордено со мај годинава кога „за“ одговориле 61,2 отсто.

Соодветно на тоа, на ова истражување 24,1 процент од прашаните рекле дека треба да се бара друга алтернатива на ЕУ, додека во мај за алтернатива на Унијата биле 34,1 отсто од граѓаните.

„Се забележува пораст на еврооптимизам. Анкетата беше спроведена во период ноември-декември годинава. Споредено со мај кога 60 проценти од граѓаните ако во недела се одржи референдум за членство во ЕУ би гласале `за`, сега 67 рекле дека би гласале `за`“, вели Андреја Стојковски од Преспа институтот.

Останатите резултати покажуваат дека Србија се` уште се перцепира како најголем пријател на земјава – така се изјасниле 38,2 отсто од испитаниците што е пад од 7 проценти во споредба со мај годинава.

Србија високо котира и како земја која придонела за демократскиот развој на Македонија – се наоѓа на второто место, зад ЕУ, но пред САД.

Србија е на второто место кога станува збор и за придонес за економскиот развој.

Прва, повторно е Унијата, а трета е Германија.

Во истовреме со презентацијата на наодите од истражувањето, најодговорниот во сферата на евроинтеграции, ја одржуваше завршната прес-конференција за 2023.

Според Маричиќ годината била успешна иако не донесе отворање на преговарачките кластери, но донесе извештај на Европската комисија со сериозни критики, особено во делот на независноста на судството и борбата против корупцијата.

„Имавме една многу успешна година, со успешен скрининг. Имавме година во која имамве државен и институционален успех, прв по кандидатскиот статус во 2005 година, и на тоа треба да бидеме горди. Во однос на забелешките во извештајот на ЕК ги прифаќаме како водич за тоа што треба да направиме во наредната година“, рече Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.

Наредната година е изборна, со претседателски и парламентарни избори, што претпоставува губење на време и ресурси за предизборни и изборни активности, како и за пресметки и договори кој и со кого ќе ја формира идната владина коалиција која ќе треба да го продолжи евроинтеграцискиот пат.

Related posts

ОН: КЛУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ДЕНЕС СЕ ПОТЦЕНЕТИ, НЕДОВОЛНО ПЛАТЕНИ И ЗЛОУПОТРЕБЕНИ

ninja

Ристоска реагира по исклучувањето од трката за државен обвинител, опозицијата обвинува за политизација

admin

Лондон вложува 6 милијарди евра во Македонија, Мицкоски најави стратешко партнерство

admin

Брижит Макрон бесна поради пораки? Нова книга ја тресе француската политика

admin

Аплауз за Заев, обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ – кој навистина ја контролира СДСМ?

admin

Раскол во ИВЗ, се продлабочува поделбата меѓу реисот Шаќири и муфтијата Несими

admin