19.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВЛЕН: Пуштањето во употреба на делницата од Коридорот 8 е доказ за новата динамика и транспарентност

Коалицијата ВЛЕН соопшти во неделата дека нивниот политички ангажман за унапредување на инфраструктурата добива конкретна форма со пуштањето во употреба на делницата од автопатот Кичево–Охрид, како дел од паневропскиот Коридор 8.

„Овој капитален проект, кој со години беше заглавен и стана симбол на неспособност и сомнежи за злоупотреби, конечно се реализира со нова динамика, без сенки и со целосна транспарентност“, се вели во соопштението на ВЛЕН.

Партијата нагласува дека Коридорот 8 претставува повеќе од само патна инфраструктура – тој е, според нив, „оска на економскиот развој, регионалното поврзување и европската интеграција на Северна Македонија“.

„Новата делница значително го скратува времето на патување кон границата со Албанија, а инвестицијата веќе носи конкретни придобивки за граѓаните“, соопштија од ВЛЕН.

Од таму додаваат дека остануваат посветени на реализација на сите значајни национални проекти, со фокус на ефикасност, отчетност и еднаков развој во сите делови од земјата.

 

 

Related posts

ДУИ СЕ НАДЕВА НА „ДВА ВО ЕДЕН“ ПРОТИВ СПОРТСКИТЕ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ

ninja

УЈИЕ учествуваше на состанокот на Стратешкиот одбор на алијансата ChallengeEU во Валенсија

admin

Бугарија пред нов изборен тест: Може ли гласањето да го смени курсот на земјата?

admin

Ненад Чанак за КДП: Србија оди кон институционален и морален колапс

admin

Од Кол до Мерц: Меркел за првпат отворено за ривалите што паднаа покрај неа

admin

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ – три сведоци од Општина Кочани се повикани

admin