31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Родителите на жртвите од „Пулс“ со критики до институциите, Мицкоски вети поддршка

Родителите на дел од загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски во Кочани, каде тој запали свеќи на градските гробишта во чест на жртвите. Тие му се пожалија на притисоци и на недоволна поддршка од институциите, а дел изнесоа и критики за полициски постапки кон граѓани кои сакале да присуствуваат на протестни маршеви.

„Само што ќе објавиме нешто, веднаш почнуваат клевети и навреди. Тоа е дополнителен стрес за нас“, изјави една мајка, додека Мицкоски возврати: „Ова е слободна држава и имате целосна поддршка од мене да зборувате и да протестирате“.

Мајката додаде дека на претходен марш луѓе кои сакале да дојдат од Штип и Виница биле сопрени и претресени од полицијата. „Тие не се убијци или атентатори“, рече таа.

Мицкоски јавно изјави дека „никој нема право надвор од законот да претресува или легитимира граѓани кои сакаат да дадат поддршка“.

На гробиштата, премиерот беше придружуван од пратеникот Миле Лефков, единствениот пратеник од Кочани, кој досега не се приклучил на маршевите на родителите.

Мицкоски истакна дека нема да ги коментира судските постапки поврзани со трагедијата во која загинаа 62 лица. „Оставам обвинителско-судските органи да ја завршат процедурата“, рече тој, додавајќи дека обвинението е во фаза на судска оцена.

Кривичниот суд оваа недела соопшти дека предметот за 34 обвинети е во постапка на разгледување на приговорите на обвинителниот акт. Со одлука на Врховниот суд, процесот ќе се одржува во Скопје, но локацијата сè уште не е определена.

Обвинителството предлага рочиштата да се одржуваат во поголема судница поради бројот на обвинети и интересот на јавноста. Судијата ќе биде избран преку системот „Акмис“ откако ќе се оцени обвинението, поднесено пред три месеци.

 

 

Related posts

АМНЕСТИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА УСТАВНИ ИЗМЕНИ?

ninja

Го критикуваат Скопје за она што сами го прават – лобираат

admin

ДУИ повторно на протест против Тито: „Историјата не се брише“

admin

МАКЕДОНИЈА НАПРЕДНА ЗА ЕДЕН ПОЕН НА ЛИСТАТА НА ФРИДОМ ХАУС

ninja

МИЦКОСКИ ЗА KDPOLITIK: Секои четири години некој мене ме менува

ninja

„Кај испари муабетот?“: Апасиев го прозва Мицкоски за изборните реформи

admin