27.9 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Функсионерите на СДСМ и ДУИ си ги вдомиле нивните блиски во државни институции

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ дека со години вршеле систематски партиски вработувања во државни институции и јавни претпријатија, вклучувајќи блиски роднини на пратеници, министри и други функционери. Во реакција од партијата се наведува долг список на имиња, за кои тврдат дека добиле работни места поради партиска или семејна поврзаност.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во М-НАВ бил назначен зет на поранешна министерка од СДСМ, а таму биле вработени и синот на поранешен градоначалник и братучетка на екс-министерка. Партијата наведува и примери од ЕЛЕМ, МЕПСО, Министерството за внатрешни работи, РЕК Битола, општински администрации и основни училишта.

Во листата се споменуваат, меѓу другите, роднини на пратеничката Мира Стојчевска, поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, министерот за економија Крешник Бектеши, како и на пратеници од ДУИ и СДСМ. Обвинувањата опфаќаат и блиски семејни членови на актуелни и поранешни партиски функционери.

Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри; Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески, роднина на екс-министерот Горан Сугарески.“

„Партиски вработувања на СДС и ДУИ и нивни блиски роднини се: за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска.“

„Таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, вработена е и братучетка на екс-министерката Јагода Шахпаска од СДС. Со СДС и ДУИ, М-НАВ беше претворена во дувло за партиски и роднински вработувања, зад коишто стои партискиот бандитизам.“

„Исто така Бујар Османи си ја вработи сестрата, Артан Груби- снаата; Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син; Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – внук.“

„Дополнително, да се потсетиме и на овие вработувања. Илјо Стојчевски – сопруг на пратеничката Мира Стојчевска, вработен во Шумска полиција – Делчево, Виктор Стојчевски – син на пратеничката Мира Стојчевска, вработен во ЕЛЕМ, Цветан Велевски – брат на пратеничката Мира Стојчевска, вработен во РЕК Битола, Бесија Џафери – ќерка на Талат Цафери, вработена во ЕЛЕМ, Надица Делкова – сопруга на градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, вработена во ООУ „Гоце Делчев“ – Долно Дисан, Кристијан Мисовски – син на пратеникот Горан Мисовски, вработен во Агенцијата за супервизија и осигурување, Фанија Костадинова – мајка на пратеникот Костадин Костадинов, вработена во ЦРМ – Струмица, Влора Бектеши – сестра на министерот за економија Крешник Бектеши, вработена во МЕПСО, Лила Пежевска – сопруга на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пежевски, вработена во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, Марија Јосифовска – сестра на пратеникот Александар Кирацовски, вработена во ЦРМ, Борче Поповски – дедо на Александар Кирацовски, вработен во Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ Новаци, АД ЕЛЕМ Скопје, Мери Поповска – баба на Александар Кирацовски, вработена во ДУД Мирка Гинова, Стојче Георгиев – син на пратеничката Милева Георгиева, вработен во МВР, Мерсида Рамчиловиќ – сопруга на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, вработена во МВР, Цвете Станојкоска – внука на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, вработена во Општина Прилеп, Љубислава Несторовски – сопруга на Магдалена Несторовска, вработена во ЕЛЕМ.“, се вели во соопштенито на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во времето на СДСМ имало случаи кога кандидатите за работа во Министерството за одбрана биле насочувани да се пријават во општински партиски штабови за да добијат можност да конкурираат. Партијата потсетува и на најавата за 2.200 нови вработувања пред формирањето на техничката влада во 2024 година, што го опишува како „предизборен поткуп“.

Во заклучок, ВМРО-ДПМНЕ порача дека М-НАВ, кој бил споменат во нивните обвинувања, сега работи професионално и во согласност со стандардите и прописите.

Related posts

Клинч за Изборниот законик: Власта инсистира на дијаспората, опозицијата зборува за изборен грабеж

admin

Анкета: Германија го зазема првото место како „најголем непријател“ на Русија

admin

ВИДЕО Во Скопје приведени тројца бивши борци на ИСИС

admin

Бериша: Рама го дискриминира северот на земјата

admin

Врховниот суд на САД ја стопира депортацијата на банди

admin

Алиу во Кочани: Ќе продолжиме да ги поддржуваме повредените

admin