34.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

САД со честитка до Северна Македонија за Денот на независноста

Американскиот државен секретар Марко Рубио во понеделникот им честиташе на граѓаните на Северна Македонија по повод 34-годишнината од независноста и 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

„Соединетите Држави ја ценат доследната партнерска улога на Северна Македонија во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност,“ се наведува во соопштението.

Рубио потсети дека Северна Македонија, како сојузник во НАТО, останува посветена на одбраната на мирот и слободата, а зголемувањето на одбранбените трошоци најавени на летниот НАТО самит е потврда за таа посветеност.

„Додека го одбележуваме овој јубилеј, Соединетите Држави остануваат определени за продлабочување на соработката во зајакнувањето на колективната безбедност, борбата против транснационалните закани и промовирањето економски раст и просперитет,“ истакна Рубио.

 

 

Related posts

Нови средства од ЕУ ја засилуваат поддршката за малите бизниси на Западен Балкан

admin

Дара со „Bangaranga“ ѝ донесе историска победа на Бугарија

admin

АГЕЛЕР ЗА „ЦРНАТА ЛИСТА“: СТОЈАМ ЗАД ТОА ШТО ГО КАЖАВ, НО ИНФОРМАЦИЈАТА ЌЕ ДОЈДЕ ОД ВАШИНГТОН

ninja

Рама за настанот со Мицкоски во Пустец: „Циркус на балканскиот национал-фолклоризам“

admin

Опозицијата во Унгарија прогласи убедлива победа, Орбан призна пораз по 16 години на власт

admin

НОВОТО ЛИЦЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФИЛМ: Река Пинцес го освои „Срцето на Сараево“

admin