7.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ се подготвува за предвремени избори, Димитријевиќ очекува враќање на довербата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) очекува да ја задржи локалната власт во повеќе општини и се надева на проширување на влијанието на претстојните локални избори во октомври, изјави генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ.

Димитријевиќ, кој е и шеф на централниот изборен штаб, рече дека партијата ќе настапи со 64 кандидати за градоначалници и со советнички листи во речиси сите општини. „Ветуваме реални решенија за секојдневните проблеми на граѓаните, без празни ветувања и политички бајки“, изјави тој во интервју за Радио Слободна Европа.

Партијата, која во моментов се наоѓа во опозиција на централно ниво, најавува дека ќе ја поддржи кандидатурата на поранешниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски, во Илинден, додека во други општини како Кочани и Центар ќе излезе со свои кандидати. Во Кичево, иако нема свој кандидат за градоначалник, СДСМ ќе настапи со советничка листа.

Димитријевиќ изјави дека евентуалниот неуспех нема да остане без последици за партиското раководство, додавајќи дека „СДСМ е сериозна партија и одговорноста секогаш се разгледува по изборите“.

Тој најави дека следната недела СДСМ ќе поднесе резолуција за „црвени линии“ во евроинтеграциите, со цел, како што рече, да се спречат нови условувања од Бугарија во преговорите со ЕУ.

Во однос на актуелната афера со наводни злоупотреби во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Димитријевиќ побара целосна декласификација на документите, обвинувајќи ја владата за „фабрикување скандали за да го одвлече вниманието од нефункционалноста на системот“.

Според него, СДСМ е подготвен за парламентарни избори во секое време. „Сериозно се подготвуваме за избори, кога и да бидат распишани“, рече тој.

 

 

 

Related posts

МОН ја прифаќа иницијативата од проектот „Застапување за инклузивен развој“: Воведува регистар на стипендисти

admin

Личи на сѐ, само на главен град – не!

admin

Судири на протести против Вучиќ во Србија, десетици повредени

admin

“Нема политички влијанија при избор или унапредување на обвинители”

admin

ФЗО: Разрешениот директор на Клиниката за неврологија е легално евидентиран како специјалист со активен факсимил

admin

Нов удар врз светската нафта: Саудиска Арабија го затвори нафтоводот што го заобиколува Ормут

admin