18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Арифи од ВЛЕН удри по Тирана, ДУИ прашува – дали преку него зборува Мицкоски?

Вербалната конфронтација меѓу владејачката албанска коалиција ВЛЕН и Демократската унија за интеграција (ДУИ) се заостри во петокот, откако владиниот Координатор за комуникации, Латиф Арифи, упати остри критики кон Тирана, обвинувајќи ја за „црна пропаганда“ и обиди за дискредитација на владата. ДУИ возврати дека Арифи ја злоупотребува државната функција за да ги напаѓа Тирана и албанските институции.

Арифи, кој е дел од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека ДУИ води „офанзива на лаги и инсценирани провокации“ против ВЛЕН, поддржана од медиуми и актери блиски до албанскиот премиер Еди Рама.

„Настаните со новинарски провокации, од ‘бушење гуми’ на новинари до искривување на јавни изјави, носат јасна пропагандна потпис,“ рече тој, додавајќи дека „никаков напад не може да го оцрни интегритетот на шефот на изборниот штаб на ВЛЕН, Аднан Азизи.”

Опозициската ДУИ реагираше со соопштение во кое оцени дека е „срамно и алармантно“ државен функционер, платен од буџетот, да води, како што рече, „отворена кампања против Албанија и нејзините институции“. Партијата порача дека тоа е доказ за официјална политичка линија, а не само за индивидуална реторика. „Ова отвора сериозни прашања за ставот на Владата: дали ова се позициите на Мицкоски или само на неговиот соработник?“ праша ДУИ.

ДУИ ја нагласи својата улога како „мост на соработка со Тирана, Приштина и меѓународните партнери“, додавајќи дека албанската заедница во Северна Македонија нема да прифати државни службеници да служат како „мегафони на ВМРО“ за напади врз Албанија.

 

 

 

 

Related posts

Дуа Липа го тужи Самсунг за 15 милиони долари

admin

Николоски: Автопатот Тетово-Гостивар ќе биде завршен за две и пол години

admin

Ердоган: Никој не може да го спречи “Векот на Турција”

admin

Јапонката најстарата живо лице прослави 114 години: „Тајната“ е секојдневно играње

admin

Д-р Анди Хоџај: Обединетото Кралство може и треба да игра поголема улога во Западен Балкан

admin

Министерот по име Фатмир (не)оди против студентите Албанци

admin