10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Кинеска државјанка осудена во Лондон поради најголемата заплена на биткоини во светот

Кинеската државјанка Жимин Чиан, позната и како Јади Жанг, е прогласена за виновна во Лондон за нејзината улога во измама со криптовалути што довела до најголемата поединечна заплена на биткоини во светот, вредна над 5 милијарди фунти (6,7 милијарди долари), соопшти британската полиција.

Чиан (47) во понеделник призна вина пред Крунскиот суд во Саутварк за незаконско стекнување и поседување криптовалути. Според Метрополитен полицијата, таа меѓу 2014 и 2017 година измамила над 128.000 луѓе во Кина, при што средствата биле префрлани во биткоин.

„Нејзиното признание е резултат на седумгодишна меѓународна истрага за мрежа за перење пари,“ изјави детективката Изабела Грото, која го водела случајот. Полицијата запленила 61.000 биткоини.

Чиан побегнала од Кина со лажни документи и се преселила во Велика Британија, каде што се обидела да пере пари преку купување недвижнини. Во операцијата ѝ помагала Кинеската државјанка Јиан Вен, која лани беше осудена на шест години и осум месеци затвор.

Вен (44) купила две недвижнини во Дубаи и изнајмила луксузна куќа во северен Лондон. Британските власти од неа заплениле повеќе од 300 милиони фунти во биткоини.

Кинеските медиуми објавија дека жртвите на измамата, најмногу луѓе на возраст меѓу 50 и 75 години, инвестирале огромни суми поради ветувања за дневни дивиденди и гарантирана добивка. Чиан била промовирана како „божица на богатството“ и тврдеше дека нејзините проекти ќе помогнат Кина да стане финансиски и технолошки центар.

„Овој случај, кој вклучува најголема заплена на криптовалути во Велика Британија, ја покажува огромната добивка на организираните криминални групи,“ изјави заменик-обвинителот Робин Вејел.

Метрополитен полицијата соопшти дека истрагата продолжува и дека се работи на тоа измамниците да не дојдат до средствата. Дел од жртвите добиле компензација преку фонд воспоставен во Кина.

Чиан останува во притвор, а датумот на изрекување на казната сè уште не е одреден.

 

 

 

Related posts

Германија слави единство, Штајнмаер предупредува: Екстремизмот ја загрозува демократијата

admin

Интерконекторот за спојување со гасоводот во Грција заглави во тендерот

admin

4 години од руската инвазија: Кошта, фон дер Лајен и Мецола велат дека ЕУ ќе продолжи со силна поддршка за Украина

admin

Северна Македонија ќе изгуби една четвртина од населението до 2100 година

admin

“Или си СДСМ или си тезгарош”: Шилегов повика на оставка на Филипче

admin

По 2.300 години откриен гробот на мистериозната „љубовница“ на Александар Македонски

admin