2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Рама ги критикува граѓаните за фрлање отпадоци: „Не се туристите, туку ‘шќиповците’“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, упати критики кон своите сонародници Албанци за фрлање отпадоци покрај патиштата, истакнувајќи дека проблемот не го создаваат туристите, туку самите Албанци од Албанија, Косово и Северна Македонија, кои ги нарече “шќипо”.

„Не е странски турист кој го прави тоа (фрлање отпад). Тоа го прават ‘шќиповцоте’ што патуваат со автомобил – од Албанија, Косово и Северна Македонија“, рече Рама во говорот посветен на водоснабдувањето и управувањето со отпадот.

Тој наведе примери на граѓани кои застануваат на панорамски точки за да фотографираат и да ја промовираат убавината на земјата, но потоа оставаат отпадоци зад себе.

„Имате селфи со изгрејсонце и со шишиња пиво покрај вас, а шишињата завршуваат на земја. ‘Збогум, Албанија, ќе се видиме следното лето’ – тоа е менталитетот што мора да се смени“, додаде премиерот.

Рама порача дека покрај владините мерки, потребна е и поголема свест и придонес од граѓаните за да се заштити животната средина.

 

 

 

 

 

Related posts

Ахмети за првпат јавно се обраќа на македонски

admin

Русија го освои градот Херсон по една недела од инвазијата на Украина

ninja

Поразот во Приштина сигнал за промени: ЛДК повторно клучен играч во косовската политика

admin

Телеграм и Вибер овојпат не помогнаа: Десетици матуранти фатени на дело

admin

Партиите лицитираат со плати, работниците сакаат достоинство

admin

Лагард: ЕУ мора да ја искористи „уникатната можност“ да ја намали доминацијата на доларот

admin