18.3 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ВЛЕН: Министер на ДУИ ја потпишал дозволата за складиштето за отпад во Трубарево

Владината партија ВЛЕН соопшти дека дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во скопската населба Трубарево ја издал поранешниот министер за животна средина од ДУИ, Насер Нуредини.

„ДУИ не може да го обвинува актуелниот министер Изет Меџити за документ потпишан во време кога ресорот го водеше нивниот кадар,“ соопшти ВЛЕН.

Партијата додаде дека отпадот е сместен во густо населена зона и претставува ризик за здравјето на жителите.

ДУИ, која две децении го контролира Министерството за животна средина, ја префрли одговорноста врз актуелниот министер Меџити, обвинувајќи го дека избегнува преземање мерки. Од партијата порачаа дека „Меџити не знае за одговорност, туку само за личен интерес.“

Пожарот кој избувна во саботата во складиштето во Трубарево предизвика густи облаци црн чад над Скопје. Жителите велат дека не добиле информации за тоа какви токсини вдишале и дали е безбедно да се движат надвор.

Опозициската СДСМ побара политичка и кривична одговорност за пожарите во Трубарево, Вардариште и депонијата Дрисла. Лидерот Венко Филипче најави барање за лекарски прегледи на жителите и лабораториски анализи на воздухот и почвата.

Градоначалникот на Ѓорче Петров и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека пожарите околу Скопје се подметнати со политичка цел и ги нарече „злосторство против граѓаните“.

Пожарот кој во саботата избувна во складиштето во Трубарево предизвика густи облаци црн чад над Скопје, што предизвика страв и незадоволство кај жителите. Министерката за животна средина Каја Шукова предупреди дека чадот е закана за целиот град и предложи формирање стручен штаб за справување со ризиците од депониите.

 

 

 

Related posts

Кошта ги повика лидерите на ЕУ на итен самит за Иран, Украина и енергетската безбедност

admin

Репортажа на Си-Ен-Ен: Скриената магија на Северна Македонија

admin

Дали булингот ги претвара децата во убијци?

admin

Харис пред Трамп со 46% спрема 43%, покажа нова анкета на Ројтерс/Ипсос

admin

Брајб-Гејт: Вотергејт на Бајден?

admin

„Правдата остана само збор“ – семејствата бараат пресврт

admin