31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Живковски: Катастарот одзеде лиценци на пет геодетски фирми, ревизорите ја проверуваат работата

Внатрешната контрола на Агенцијата за катастар на недвижности им ги одзеде лиценците на најмалку пет геодетски фирми поради неприкажување на реална состојба на терен, изјави директорот на Катастарот Иван Живковски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потврди дека државните ревизори веќе неколку месеци спроведуваат проверка на институцијата и најави дека извештајот ќе биде готов до крајот на октомври или почетокот на ноември.

Живковски рече дека регистарот на цени и закупнини на недвижности, кој бил стопиран од претходното раководство, повторно е ставен во функција и ќе објавува квартални и годишни извештаи со цел да придонесе кон стабилизирање на пазарот.

„На пазарот се појавуваа огласи со неразумни и нереални цени. Од тоа губат сите граѓани и компании, единствено инвеститорите профитираат,“ изјави Живковски.

Тој додаде дека Катастарот ги исполнил своите обврски околу воспоставувањето на единствен регистар за државен имот, но дека други институции и општини доцнат со доставување податоци. Според него, голем дел од државниот имот сè уште не е впишан во Катастарот, иако во изминатата година за околу 40 објекти – вклучувајќи владини згради и резиденции – проблемот е решен.

Живковски истакна дека сите 80 општини имаат пристап до електронскиот систем на Катастарот, но дека нивните служби, особено во Скопје, не ги користат доволно достапните податоци за наплата на данок на имот.

Во однос на борбата против корупцијата, тој посочи дека Агенцијата спроведува кампања „Не биди соучесник, пријави обид за корупција“, преку која граѓаните и компаниите можат да пријават нерегуларности по електронски или телефонски пат.

За геодетските фирми на кои им биле одземени лиценците, Живковски објасни дека биле утврдени случаи каде што доставената документација не одговарала на состојбата на терен, што довело до изрекување на најригорозната мерка – одземање лиценца и пријавување до надлежните органи.

Тој призна дека постои проблем во односите со Комората на геодети, но рече дека Агенцијата одржува редовни средби со фирмите и изрази надеж за подобрување на комуникацијата.

„Комората на геодети има јавни овластувања делегирани од Катастарот и Уставниот суд веќе оцени дека нема судир на интереси,“ рече Живковски.

 

 

Related posts

ИЗРАЕЛ ОДГОВОРИ СО ВОЗДУШНИ НАПАДИ НА РАКЕТИРАЊЕТО ОД ГАЗА

ninja

Мицкоски го „турка“ Законот кон Венеција – Алијансата вели: Ова е предавство!

admin

Покраинските избори и иднината на германската влада

admin

Лекарски извештај: Трамп останува здрав и подготвен за претседателските должности

admin

Бојкоти против високите цени се шират низ Балканот

admin

„Не учествувавме во војната“: Мелони го обвини Руте дека ја довел Италија во политичка криза

admin