-0.2 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Заменичката генерална секретарка на НАТО Шекеринска во посета на Сараево

Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, престојуваше во дводневна посета на Сараево каде што оствари средби со високи претставници на Босна и Херцеговина и учествуваше на Безбедносната конференција во Сараево.

Шекеринска се сретна со членови на Претседателството на БиХ, при што го потврди „цврстото заложување“ на Алијансата за суверенитетот, територијалниот интегритет и уставниот поредок на земјата. Таа нагласи дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува ЕУ-операцијата Алтеа, предупредувајќи дека „безбедносен вакуум во БиХ нема да биде дозволен“.

Во рамките на посетата, Шекеринска се сретна и со членовите на Заедничката комисија за одбрана и безбедност и со делегацијата на БиХ во Парламентарното собрание на НАТО. Таа одржа и билатерални разговори со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор Флорин-Мариан Барбу, високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит и заменик-министерот за надворешни работи Јосип Брик.

Шекеринска посети и група студенти кои учествуваа во симулација на Северноатлантскиот совет, организирана од НАТО Алијансната команда за трансформација, пред нејзиното обраќање на отворањето на Безбедносната конференција во Сараево.

„Безбедноста и стабилноста на Босна и Херцеговина се од суштинско значење за целиот регион, за Европа и, секако, за НАТО,“ изјави таа. „Иако војната ја одбележа минатото на оваа земја и на регионот, таа не ја дефинира сегашноста и не смее да ја одреди иднината,“ додаде Шекеринска, нагласувајќи дека БиХ заслужува „иднина на мир, просперитет и економски раст“.

 

Related posts

Милош Вучевиќ со одговор до Свечла: Во Приштина има исклучително висок степен на завист и омраза

admin

Пентагон ја преиспитува воената карта на Европа: На маса најмалку четири сценарија

admin

Минута по минута: Како се одвиваше американскиот ноќен напад врз Иран?

admin

Русија го заострува контролирањето на интернетот, блокира апликации и VPN услуги

admin

Сојузниците на САД бараат јасна поддршка за Украина на безбедносната конференција во Минхен

admin

НАТО министерски состанок – поддршка за Украина, Западен Балкан е од стратешко значење за Алијансата

admin