10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

СРС и УНДП потпишаа договор за зајакнување на реформските агенди во Југоисточна Европа

Советот за регионална соработка (СРС) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) потпишаа писмо за намери за воспоставување рамка за зајакнување на соработката во поддршка на владеењето, одржливиот развој и отпорноста низ Југоисточна Европа.

Документот вчера во Њујорк го потпишаа Амер Капетановиќ, генерален секретар на СРС, и Ивана Живковиќ, помошник-генерален секретар на ОН и директорка на Регионалното биро на УНДП за Европа и Централна Азија.

Партнерството ќе се заснова на постојните регионални рамки, вклучувајќи ја Стратегијата и Програмата за работа на СРС 2026-2028, Стратегијата 2030 за Југоисточна Европа, Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар, Зелената агенда за Западен Балкан и Стратешкиот план на УНДП, со цел максимизирање на влијанието, кохерентност и избегнување дуплирање на активности.

„Овој договор ни овозможува побрзо да се движиме кон она што е важно за граѓаните – подобри услуги, позелен раст, посилни институции и поотпорен регион, преку усогласување на регионалните платформи на СРС со експертизата и опфатот на УНДП,“ изјави Капетановиќ.

Писмото за намери предвидува редовна координација помеѓу двете организации, годишни прегледи на напредокот и оперативни контакт-точки за имплементација.

Потпишувањето се случи во рамките на посетата на генерален секретар на СРС на САД за Генералното собрание на ОН, по министерскиот состанок на Јадранско-јонската иницијатива, и пред годишниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој СРС ќе го организира денес во Њујорк.

 

 

 

Related posts

Шпионажа, дрога и насилство: Талески тврди дека безбедносниот систем е во целосен распад

admin

Има ли листа на бугарски државјани на кои им е забранет влез?

admin

Словенија менува цел систем со двојно подобри резултати – што ќе направи Македонија?

admin

Раскол во НАТО околу Украина – Британија и Франција го блокирале планот на Руте

admin

Трамп лансира „Проект Слобода“: Американската морнарица тргнува по бродовите во Ормус

admin

Битка за легитимитет или „после мене потоп“?

admin