28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Граѓаните сè уште не можат да ги разрешуваат градоначалниците пред крајот на мандатот

Иако измените во Законот за локална самоуправа предвидуваат можност граѓаните да отповикаат градоначалник преку референдум, тие сè уште не се усвоени во Собранието, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тоа значи дека новоизбраните градоначалници од локалните избори на 19 октомври и 2 ноември нема да можат да бидат разрешени доколку граѓаните се незадоволни од нивната работа.

Измените се заглавени во Собранието повеќе од шест месеци, бидејќи за нивно усвојување е потребно двотретинско и Бадентерово мнозинство што власта не го обезбеди.

До усвојување на новиот закон, на сила остануваат постојните одредби – градоначалник може да биде разрешен само во случаи на смрт, оставка, затворска казна подолга од шест месеци, губење деловна способност, неспоивост на функции, шестмесечно неоправдано отсуство од работа или преселба од општината.

Прашањето за политичка одговорност на градоначалниците повторно се актуелизираше по мандатот на скопската градоначалничка Данела Арсовска, во чиј период градот се соочи со проблеми со јавниот превоз и чистотата.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека треба да се размисли за ограничување на бројот на мандати на градоначалниците на два, предупредувајќи дека долгогодишните мандати носат ризик од партизација и „рефеудализација“, особено во малите средини.

„Повеќе од дваесет години имаме исти градоначалници. Тоа некаде се нарекува републикански монархизам“, рече Сиљановска-Давкова во интервју за МРТВ.

Професорот по административно право Борче Давитковски изјави за Радио Слободна Европа дека системот има „аномалија“, бидејќи градоначалниците се избираат на непосредни избори, но не сносат политичка одговорност.

„Мора да има одредба за отповикување кога граѓаните се незадоволни од својот градоначалник. Таа одговорност мора да важи за сите носители на јавни функции“, рече Давитковски.

Тој не се согласува со предлогот за ограничување на бројот на мандати, оценувајќи дека доколку граѓаните му даваат доверба на некој градоначалник, треба да можат да го избираат повторно.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински изјави за РСЕ дека опозициските партии СДСМ и ДУИ ги блокираат измените „од чист политички инает“.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ со 55 градоначалници ја поддржува можноста за референдумско разрешување, зошто да не можат и СДСМ и ДУИ?“, изјави Перински.

Дури и ако измените бидат усвоени, тие ќе важат од следните локални избори, бидејќи така е предвидено во завршните одредби.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува политичките партии во парламентот да најдат решение по завршувањето на изборите.

„Нам ни се важни реформите. Се надевам дека ќе има прегрупирање на силите во парламентот“, рече Мицкоски.

Related posts

Мицкоски: Ако помине законот за амнестија, ќе го напуштиме Собранието

admin

Треба ли ревизија на „недела неработен ден“?

admin

ДУИ реагира на изјавата на премиерот Мицкоски

admin

ДУИ: Македонија станува „третата српска република“

admin

Истражување на РСЕ: Финансиска истражува, Лотарија си тера тендер за новото седиште

admin

ЛОГА ГИ ПОДГОТВУВА ХАШКИТЕ ЌЕЛИИ ЗА ГРУЕВСКИ

ninja