10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Судењето за „Онкологија 2“ продолжи со сведочење за финансиски неправилности

Судскиот процес за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи за незаконско набавување лекови, продолжи денеска во Основниот кривичен суд со сведочење на раководителката на одделението за финансиско, сметководствено и шалтерско работење на Клиниката за онкологија.

Во своето сведочење, раководителката рече дека по ковид-карантинот ѝ биле одземени делегирани надлежности, додека претходно, според нејзините тврдења, Клиниката немала долгови и финансиското работење било редовно организирано.

Таа исто така го опиша односот со поранешниот директор Васев како „поладен“ и наведе дека неможел да го издржи деталното пресметување за плаќањата, нагласувајќи сериозни промени во управувањето со финансиските процеси од крајот на 2019 и почетокот на 2020 година.

Судењето продолжува со дополнителни искази и претставување на финансиската документација од Клиниката за онкологија.

 

Related posts

Шведска со алармантно предупредување: Русија може наскоро да го тестира НАТО

admin

Меџити: САД ја повторија посветеноста да ни помогнат на патот кон ЕУ

admin

„Нула“ против „затвор“: Мицкоски и Филипче во најжесток политички судир досега

admin

Жестоки реакции од Косово и Албанија: Што кажа министерот Шасивари за водачите на ОВК

admin

Сиљановска: Нема да дозволам да се поткопа безбедноста на државата по аферата со прислушувањето

admin

7 команди со кои ChatGPT ќе стане ваш верен асистент

admin