28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити: САД ја повторија посветеноста да ни помогнат на патот кон ЕУ

Заменик-помошникот секретар на САД Александар Касаноф изрази силна американска поддршка за Западен Балкан и ја повтори нивната посветеност да ни помогнат на патот кон членството во ЕУ, напиша на Фејсбук првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Меџити е во официјална посета на САД, а од Атлантскиот совет бил поканет да учествува на Конференцијата за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа, заедно со министерката за енергетика Сања Божиновска.

„Го информирав за последните политички случувања во Северна Македонија, споделувајќи ја со него посветеноста на нашата влада за подобрување на животниот стандард на граѓаните, зголемување на инвестициите во инфраструктурата, енергетиката и образованието, како и нашата бескомпромисна заложба во борбата против корупцијата – проблем што го наследивме, но сме решени решително да го решиме“, напиша Меџити.

Тој рече дека нагласил и оти интеграцијата во Европската Унија е „стремеж на повеќето наши граѓани и дека интензивно работиме на забрзување на овој процес“.

Нема официјална изјава од САД за средбата на Касноф и Меџити.

Related posts

ММФ прогнозира понизок раст и повисока инфлација во Северна Македонија

admin

Брисел притиска Белград и Приштина да ги спроведат договорите

admin

Германски избори: Отворени избирачките места на клучното гласање

admin

Руски новинар осуден поради интервју за Радио Слободна Европа

admin

Првиот вицепремиер Меџити упати честитка по повод 34-годишнината на независноста

admin

Шји ги повика светските сили да помогнат Русија и Украина да го обноват директниот дијалог

admin