29.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Дали ќе продолжи поскапувањето на струјата?

Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за електрична енергија на домаќинствата, додека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе одлучи дали од јануари струјата ќе поскапи, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„АД ЕСМ поднесе цена од 65 евра за мегават-час, што е за околу три евра повеќе од претходната цена и значи раст од приближно 4 проценти“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека владината политика ќе остане насочена кон заштита на домаќинствата, особено на најранливите потрошувачи, преку продолжување на субвенциите за електрична енергија.

Регулаторната комисија следната недела ќе донесе одлуки за тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и за цената на операторот на пазарот. Според најавите, нема да има дополнително поскапување на овие тарифи.

Државната компанија ЕСМ е единствениот понудувач за набавка на струја за 2026 година, а понудената цена од 65 евра за мегаватчас е за 4,8 проценти повисока од лани, што ќе се рефлектира во сметките на домаќинствата од почетокот на следната година.

 

Related posts

Цените во Европа: Кои земји се најскапи, а кои најевтини?

admin

Албанските парламентарни избори без рамноправни услови, велат меѓународни набљудувачи

admin

ВИДЕО | Спектакуларен гол на Барди донесе реми на Северна Македонија 1-1 со Италија

admin

ЕУ го менува пристапот кон проширувањето: Кошта најави нови механизми за побрз влез на Западен Балкан

admin

Надминување на пречките: Справување со корупцијата и непотизмот во македонската администрација

admin

Напнат дипломатски танц: Дали ќе се продолжи примирјето меѓу Израел и Хамас?

admin