20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Д-р Анди Хоџај: Обединетото Кралство може и треба да игра поголема улога во Западен Балкан

Обединетото Кралство треба да има поактивна улога во образованието и поддршката на младите во Западен Балкан, изјави д-р Анди Хоџај, предавач по право и експерт за Балканот на Универзитетот „Кингс Колеџ“ во Лондон, во интервју за BalkanView.com.

Хоџај истакна дека Берлинскиот процес останува клучна алатка за поврзување на регионот со Европа, додавајќи дека оваа година Самитот во Лондон го потврди значењето на британската улога по Брегзит.

„Сакавме разговорите околу Самитот да не бидат ограничени само на официјалната агенда,“ рече Хоџај, објаснувајќи дека Универзитетот „Кингс Колеџ“ организирал низа странични настани со претставници од граѓанското општество, медиумите, академијата и приватниот сектор. Настаните биле организирани во партнерство со двете најстарите британски независни институции за политика – Чатем Хаус и Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии (RUSI).

Хоџај рече дека преку овие соработки биле покренати теми што не биле целосно опфатени со официјалната агенда, особено прашањата за образованието и човековите права.

Според него, Самитот во Лондон бил особено значаен поради улогата на Обединетото Кралство како домаќин и носител на агендата, во момент кога новата лабуристичка влада се обидува да ги зајакне односите со Европа. Една од главните теми, вели тој, била регионалната безбедност и како земјите од Западен Балкан да преминат од потрошувачи на безбедност во обезбедувачи на стабилност за Европа, во контекст на руската агресија и хибридните закани.

Хоџај потсети дека Берлинскиот процес, кој првично бил создаден како неформален форум за поддршка на европската интеграција, се трансформирал во годишен самит кој опфаќа пошироки теми, меѓу кои миграцијата и борбата против хибридни закани.

Тој оцени дека Обединетото Кралство и по Брегзит останува важен партнер за Западен Балкан и користи го форумот како платформа за годишен дијалог за заеднички интереси.

Според Хоџај, до 2030 година неколку држави од Западен Балкан – особено Албанија и Црна Гора – би можеле да станат членки на Европската унија. „ЕУ бара позитивна приказна што ќе ја покаже нејзината сила и отвореност кон проширување,“ рече тој, додавајќи дека моменталниот геополитички контекст претставува „златна можност“ за регионот.

Тој нагласи дека Берлинскиот процес останува корисен механизам за решавање билатерални прашања и одржување на реформскиот импулс, но предупреди дека политичките фактори често имаат поголема тежина од техничките критериуми при пристапните процеси.

Говорејќи за инфраструктурната и безбедносната соработка, Хоџај рече дека поврзаноста во регионот останува ограничена. „Во некои случаи, побрзо е да се стигне до земја членка на ЕУ отколку до соседна држава во регионот,“ рече тој, додавајќи дека инвестициите во транспортните врски се недоволни.

За безбедносните прашања, тој оцени дека Западен Балкан е сè уште во рана фаза на интеграција. Половина од државите се членки на НАТО, но за подлабока соработка ќе биде потребна поголема доверба и посилна инфраструктура.

Во однос на војната во Украина, Хоџај рече дека конфликтот не го намалил интересот на ЕУ за регионот, туку дури го забрзал отворањето на преговорите со Албанија и Северна Македонија, како и кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина.

Хоџај, сепак, призна дека нема напредок во дијалогот меѓу Косово и Србија поради политички тензии и изборни циклуси.

Тој нагласи дека Велика Британија развива нов пристап кон регионот, особено во областа на миграцијата – прашање што останува високо на домашната политичка агенда во Лондон.

Хоџај оцени дека Берлинскиот процес и понатаму има вредност како политички форум за дијалог и зајакнување на довербата меѓу лидерите. „Пред овој процес, некои лидери од Западен Балкан немаа официјални средби повеќе од седум децении,“ потсети тој.

Тој предупреди дека иницијативата за Заеднички регионален пазар, иако корисна, може да го забави процесот на вистинско пристапување. „Подобро е земјите-кандидати да се приклучат директно кон Единствениот пазар на ЕУ штом започнат пристапните преговори,“ рече тој.

Во однос на образованието, Хоџај изјави дека тоа е област во која Британија може да придонесе најмногу, бидејќи не е контроверзна како безбедноста или миграцијата. Тој потсети дека Обединетото Кралство планира повторно приклучување кон програмата „Еразмус“ и Европскиот истражувачки совет.

„Недостасуваше иницијативата од 2017 година за Регионална академија на науките – идеја што Британија ја поддржа, но никогаш не беше реализирана. Таа тема треба повторно да се стави на агендата,“ рече Хоџај.

Тој додаде дека борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото не добиле доволно тежина во рамките на Берлинскиот процес, иако постојат можности форумот да служи за размена на искуства и најдобри практики.

Гледајќи кон иднината, Хоџај рече дека во следните пет години некои земји од регионот би можеле да станат членки на ЕУ, а Берлинскиот процес би можел да се трансформира во политички формат за решавање билатерални прашања, слично на моделот на нордиските земји.

На крај, тој испрати порака до младите во регионот: „Младите имаат право да се чувствуваат несигурни, но Европската унија е повеќе од цел – тоа е патување кон стабилност и просперитет. Лидерите мора да ги вклучат младите и да им дадат глас во овој процес.“

Следниот самит на Берлинскиот процес ќе се одржи во Црна Гора во 2026 година, а според Хоџај, младите треба да бидат во центарот на агендата.

Related posts

Што е УСАИД: “Гнездо на змии” или “играчка на Сорос”?

admin

Судски процес против четворица обвинети за заговор за киднапирање на гувернерката на Мичиген

ninja

Над 8 илјади слободни работни места, се бараат и државни функционери, дипломати, директори…

admin

„Крајот на Шенген“: Новите гранични контроли на Германија го ставаат на ризик единството на ЕУ

admin

Цените на нафтата пораснаа пред рокот што Трамп му го постави на Иран

admin

Експлозив кај гасовод меѓу Србија и Унгарија – Орбан свика итен состанок

admin