11.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски ја претстави новата партиска парадигма “Државност 2030”: Која му е целта?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на отворањето на XVIII конгрес на партијата во Кавадарци рече дека новата платформа „Државност 2030“ претставува модел за современо државно водство, насочен кон стабилни институции, продуктивност и европска интеграција.

Конгресот се одржува во спортскиот комплекс „Јасмин“ под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“.

„Новата политичка епоха бара парадигма што ја надминува логиката на транзицијата. ‘Државност 2030’ се темели врз три оски: институционална стабилност над политички циклуси, продуктивност како национален приоритет и идентитет плус Европа како синтеза, а не конфликт“, изјави Мицкоски.

Тој ги претстави и десетте принципи кои, според него, ја дефинираат новата парадигма на модерното државно водство. Меѓу нив се почитување на достоинството, владеење на правдата, знаењето како капитал, силна но не доминантна држава, заедничка национална судбина, праведна пазарна економија, стабилни институции, Европејство како вредност, технологија и одржливост како извори на развој и општество засновано врз доверба.

„Овој идеолошки кодекс и новиот национален договор го оформуваат политичкиот курс на партијата за периодот 2025–2030“, рече Мицкоски, додавајќи дека целта е Македонија да биде суверена во идентитетот, европска во ориентацијата, стабилна во институциите и успешна во економијата.

Related posts

ДУИ се изјасни за уставните измени

admin

ЗА 14 МЕСЕЦИ ИЗДАДЕНИ ЛИЦЕНЦИ ЗА 355 ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ

ninja

Онкологот Пешевска доби условна казна, судењето продолжува за останатите обвинети во случајот „Онкологија“

admin

Харис и Трамп првпат вечерва ќе се сретнат на дебата во Филаделфија

admin

Европа бара дијалог со Русија, Канада во стратешко парнерство со Кина

admin

Државниот врв со велигденски пораки за надеж, единство и истрајност

admin