14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тошковски добил казна за 1 км/ч преку ограничувањето, вели дека државата мора да важи еднакво за сите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека утрово добил автоматска сообраќајна казна додека патувал кон Кавадарци на партиски конгрес, оценувајќи дека случајот покажува како државата треба да функционира – со еднаква примена на законот за сите граѓани.

Тошковски напиша на „Фејсбук“ дека добил СМС-порака од системот „Безбеден град“ кој регистрирал дека се движел 1 км/ч над дозволената брзина.

„Ова е најдобра илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи еднакво за сите и кога ќе регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани“, напиша тој.

Тошковски додаде дека управувањето со возило е обврска, а не привилегија, и дека доследната примена на правилата гради доверба и безбедност.

Тој нагласи дека целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спречување човечки жртви, посочувајќи на високата стапка на загинати во сообраќајни несреќи во државата.

„Државата ќе биде побезбедна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи нè и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување“, додаде тој.

Related posts

Лекарите предупредуваат на здравствени ризици од чадот од скопските депонии, граѓаните бараат итни мерки

admin

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕ ГИ ТОЛЕРИРААТ „РАЗЛИЧНИТЕ“

ninja

Голема реконструкција на Владата: се менуваат ли повеќе од една третина од министрите?

admin

Поранешниот шеф на НАТО: Русија нè турка до работ, сме под напад

admin

Снајпер, автоматски пушки и знаме на ИСИС: Што откри антитерористичката акција во Скопје

admin

Столтенберг: Не се разговара за влез на Украина во НАТО

admin