29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Тресење во ДУИ: Ахмети со нови именувања и стратегија – кој доби клучни функции?

Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека лидерот на партијата, Али Ахмети, денеска ја свикал првата седница на Претседателството на Генералниот совет, со што формално започнува работата на овој клучен партиски орган.

Седницата се одржа во Тетово со почеток во 17:00 часот. На неа беше разгледан и усвоен Деловникот за работа на Претседателството на Генералниот совет, како основен акт за функционирање, координација и одлучување. Донесени беа и одлуки поврзани со организацијата на секретаријатите и натамошното структурирање на партијата.

Во рамки на одлуките беа извршени именувања на клучни организациски функции: Фатон Ахмети за шеф на кабинет, Арта Билали-Зенедели за портпаролка на ДУИ и Шемшедин (Сам) Беќири за советник на претседателот за односи со САД.

Ахмети ги информираше членовите и за именувањата на претседатели на партиските ограноци: Бајрам Реџепи (Тетово), Ридван Асани (Куманово), Фатон Положани (Струга), Валдет Џафери (Гостивар) и Бујар Османи (Чаир).

“Претседателот даде насоки до новоименуваните раководители да ги исполнат програмските и статутарните обврски за организација и консолидација на подограноците и ограноците”, вели ДУИ.

ДУИ соопшти дека останува посветена на зајакнување на внатрешните организациски структури и унапредување на реформите со цел зголемување на политичката и институционалната ефикасност на партијата.

Related posts

Бајден и Трамп победија на прелиминираните избори во Мичиген

admin

Русковска: Нема зошто да се плашам по обвинувањата за случајот 27 април

admin

Што направија тарифите – и дали трговската војна завршува?

admin

Европа не може секогаш да смета на САД: Британија предупредува на „најлошиот сценарио“

admin

Косово: Трагедија под вода, политичка бура на површината

admin

РУМЕН РАДЕВ ГО ВРАЌА ВО ИГРА ВЕТОТО ЗА С. МАКЕДОНИЈА

ninja