12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАХРОНИКА

Една година во бегство: МВР нема информации за Артан Груби

МВР сè уште нема информации за поранешниот заменик-претседател Артан Груби, кој пред една година исчезна од државата, а полицијата не објавува до каде е постапката за негово пронаоѓање.

Покрај Груби, органите на прогонот сè уште го бараат поранешниот директор на „Државната лотарија“, Перпарим Бајрами, додека недостапен за истражните органи останува и поранешниот директор на ЕМВ, Васко Ковачевски. Од МВР побарале новинарите да ги известат доколку добијат информации за нивната локација.

„МВР презема соодветни тактичко-оперативни мерки за лоцирање и лишување од слобода на лицата за кои прашувате. Доколку поседувате информации за нивната локација, пријавете ги во најблиската полициска станица“, соопштија од министерството.

Во јуни 2024, владејачкото мнозинство предводено од премиерот Христијан Мицкоски дојде на власт со ветувања за борба против криминалот и корупцијата. Иако беа покренати повеќе истраги, вклучително и случајот „Адитивите“, главните актери во најголемите случаи на корупција откриени во изминатата година и половина не се приведени.

На 16 декември, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против Груби за сериозни злоупотреби во „Државната лотарија“. Истовремено се утврди дека тој ја напуштил земјата. Поради истата истрага, во бегство е и Бајрами, додека, според неговиот адвокат, тој само се преселил надвор од државата.

Меѓу лицата за кои е издаден налог за апсење е и Ковачевски, осомничен за злоупотреби во ТЕЦ Битола во износ од околу 6,5 милиони евра. Во листата на бегалци се наоѓа и Ремзи Мифтари, осуден на 10 години затвор во случајот „Дурмо Турс“, како и адвокатот Александар Ристески, осомничен за подметнување пожар во просториите на Адвокатската комора на 25 ноември 2024 година.

Related posts

Трагедија и надеж среде урнатини во Босна

admin

Кога лекувањето зависи од одлуките на политичарите: Државата ниту има услови, ниту ја плаќа рехабилитацијата во странство

admin

Кинеските електрични автомобили ги заобиколуваат европските царини и растат во извозот

admin

Само 11 часа по кандидатурата – полиција на врата на Билјана Ивановска

admin

Еден ден по средбата на Блинкен, Бајден го нарекува Кси Џипин диктатор

admin

Бајден и Трамп победија на прелиминираните избори во Мичиген

admin