19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Антикорупциската комисија: Десетици градоначалници не поднеле изјави за имотна состојба

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти во вторникот дека 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја испочитувале законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси во предвидениот рок.

На списокот на функционери кои не доставиле анкетен лист се наоѓаат и актуелниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, како и неговата претходничка Данела Арсовска, соопшти Комисијата.

Според ДКСК, новоизбраните градоначалници имале обврска да ја пријават својата имотна состојба во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата, додека поранешните функционери биле должни да достават завршна изјава по истекот на мандатот.

Комисијата најави дека за непочитување на обврската ќе бидат изречени прекршочни санкции, кои, согласно законот, изнесуваат од 300 до 500 евра, како и дополнителни проверки на доставените податоци.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изјави за локални медиуми дека неговата имотна состојба не е променета и дека анкетниот лист ќе го достави во наредните денови, наведувајќи дека доцнењето било поради бројни службени обврски. Арсовска засега не дала јавен коментар.

ДКСК истакна дека податоците за имотната состојба на избраните и именуваните функционери се клучен механизам за спречување на корупцијата и зајакнување на транспарентноста во јавната власт.

Related posts

Британски медиуми: Стармер во трка по „албанското одбивање“ и најбрзиот економски раст

admin

Македонската влада со нова мерка за практикантство за млади невработени лица

admin

Во Струга претепан етнички Бугарин, партии во Софија бараат активирање на ветото за РСМ

admin

Декан во Белград ја осуди „срамотната репресија“ по полицискиот упад на Универзитетот

admin

Ремонт на „балансерот“ за државно вработување или целосна замена?

admin

„Шпигел“ за Вучиќ: „Кукларот од Белград“

admin