36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

205 милиони евра за здравството: Алиу откри што следува за Штип, Тетово и Кичево

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека болницата во Струмица е дел од поширок план за зајакнување на регионалните здравствени капацитети, со цел граѓаните да добиваат поквалитетни и подостапни услуги поблиску до местото на живеење.

Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Алиу најави дека компјутерски томограф ќе биде инсталиран во струмичката болница од наредната недела.

„Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф од наредната недела ќе биде инсталиран согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга“, рече министерот.

Тој посочи дека болницата била наследена со долг од над 100 милиони денари, но дека преку подобро управување долгот веќе е намален за околу 20 милиони денари.

Според Алиу, во болницата е реконструиран и цел оддел кој е во фаза на технички прием и наскоро ќе биде пуштен во употреба.

Министерот рече дека Министерството за здравство спроведува функционални анализи за секој регион врз основа на демографските карактеристики, потребите на пациентите, достапните услуги и човечките ресурси.

Осврнувајќи се на регионалните капацитети, Алиу посочи дека онколошкиот центар во Битола има значителен потенцијал за обезбедување услуги за граѓаните од југозападниот дел на земјата.

„Во Битола онколошкиот центар е еден од најмодерните, но во минатото не е инвестирано доволно во технологии. Таму имаме двајца онколози и работиме заедно со Клиниката за радиотерапија и онкологија за услугите да бидат подостапни“, рече тој.

Алиу најави и нов инвестициски циклус во здравствената инфраструктура во Штип, Кичево и Тетово, вреден 205 милиони евра.

„Со Владата имаме план да се инвестираат 205 милиони евра во Штип, Кичево и Тетово. Од аспект на инфраструктурата, здравството нема да изгледа како досега“, изјави министерот.

Во делот на дигитализацијата, тој информираше дека се подготвува Национална стратегија за дигитална трансформација на здравството, која ќе биде дел од реформските процеси во секторот.

Според Алиу, по повеќе од една деценија се инвестира и во нова дигитална инфраструктура и дата-центар, со цел подобра заштита и управување со здравствените податоци на граѓаните.

Министерот порача дека крајната цел е создавање на здравствен систем кој ќе биде инфраструктурно посилен, кадровски подобро планиран, дигитално поврзан и подостапен за граѓаните во сите региони на државата.

Related posts

Аларм во ПИОМ: Ревизорите открија долг од 136 милиони евра кон здравството

admin

Илон Маск: Ќе кажам што сакам, а ако последицата од тоа е губење пари, нека биде така

admin

Петар Гошев: Ни треба револуција за правна култура

admin

Пресврт во истрагата за „Северен тек“: Берлин ја поврзува Украина со експлозиите

admin

Меџити: Време е за создавање нова меѓуалбанска политичка култура

admin

Косово: Изолиран инцидент или ладни проби за жежок конфликт?

admin